Сме навикнале да го оправдуваме неуспехот со тоа што некој или нешто ни застанало на патот. Секогаш другите се одговорни за нашиот неуспех, за тоа што немаме доволно пари, за тоа дека не сме успеале во кариерата, за тоа дека сме несреќни, за тоа дека сме осамени…но пред да ги обвиниш родителите, државата или колегите, најпрво прочитај го текстов и размисли добро.
„Еден ден, не многу одамна, вработените во една голема фирма во Мисури биле силно изненадени, кога утрото доаѓајќи на работа биле дочекани со соопштение кое гласело:
„Вчера човекот што го попречуваше вашето издигнување во компанијата не напушти засекогаш. Ве каниме да присуствувате со нас во салонот каде ќе му ја изразиме последната почит и ќе го испратиме во вечните покои.“
Во почетокот секој еден од вработените се натажил од фактот дека некој од колегите веќе не е меѓу живите, но после извесно време љубопитноста ја надминала тагата. Сите почнале да се прашуваат кој може да биде тој мистериозен колега, кој толку многу им пречел да чекорат напред во кариерата. Возбудата пораснала уште повеќе кога сите се собрале во салонот за да ја изразат последната почит.
„Кој ли е тој човек, што ми пречел? Како и да е, тој веќе не е тука!“ – вакви и слични мисли се вртеле низ главите на сите присутни.
Еден по еден вработените се приближувале кон ковчегот и кога ќе погледнеле внатре зачудено се повлекувале назад. Очигледно изненадувањето било големо за секој еден од нив. Стоеле околу ковчегот, молчејќи, а изгледале како некој да ја извлекол најдлабоката тајна на нивната душа.
Во ковчегот лежело едно огледало: секој кој ќе погледнел внатре го гледал сопственото лице. Освен тоа до огледалото имало и парче хартија на која пишувало:
„Има само еден човек кој е способен да ги види и постави границите на твоите возможности – тоа си ТИ!“
„Ти си единствениот човек, кој може целосно да го измени твојот живот!“
„Ти си единствениот човек, кој може да влијае на твојата среќа, реализација и успех!“
„Ти си единствениот човек кој може да ти помогне или одмогне!“
Твојот живот не се менува кога твојот шеф ќе се промени, кога твоите пријатели ќе се променат, кога родителите ќе се променат, кога фирмата во која работиш ќе се промени.
Твојот живот ќе се промени единствено кога ТИ ќе се промениш, кога ќе излезеш надвор од границите во кои веруваш дека постојат, кога ќе разбереш дека единствено ТИ си одговорот.“
