After Midnight

Ви се смачи да свршува прв? Еве како да го решите проблемот

Мажите од едно „здраво“ до секс може да стигнат за многу кратко време, додека ситуацијата со жените е сосема поинаква.

Доколку вашиот партнер веќе подолго време свршува пред вас, време е да сторете нешто околу тоа.

Бакнување

ЗАБРЗАЈТЕ:  Вашиот врат е полн со нервни завршетоци, па малку работи би можеле да ве возбудат како усните на вашиот партнер доколку се најдат таму. Тргнете ја вашата коса како што се бакнувате, тргнете кон неговото уво и поставете го вратот баш пред него.

ЗАБАВЕТЕ: Бакнувањето со многу јазик заменете го со бакнежите усни на усни. Научниците открија дека со размената на плунката тој добива некои ваши хормони кои го возбудуваат.

Предигра

ЗАБРЗАЈТЕ: За да се осигурате дека ќе свршите пред него или со него истовремено за време на предиграта стимулирајте го клиторисот. Ставете му неколку капки лубрикант на неговите прсти и одведете му ја раката помеѓу вашите нозе. Сексолозите тврдат дека кружната стимулација која полека се забрзува е најефикасна.

ЗАБАВЕТЕ: Кога го допирате неговиот пенис тоа правете го нежно и задржете ги движењата кај коренот, каде тој е помалку чувствителен. Менувајте ги движењата, тој ќе биде воодушевен што нема да забележи дека тоа го правите многу нежно за да не стигне до оргазам.

Чин

ЗАБРЗАЈТЕ: Позата вие горе ви гарантира контрола на брзината, аголот, длабочината. Наместо да ги движите колковите нагоре надолу, правете го тоа напред назад за клиторисот да ви се трие од неговиот абдомен.

ЗАБАВЕТЕ: Длабоките пенетрации со влегување, па излегување од вас се најдобриот пријател на неговиот оргазам. Затоа сведете ги на минимум. Во мисионерската поза обвиткајте ги вашите нозе околу него за да не може да излегува многу бргу или фатете го за задникот силно со двете раце и ќе го добиете истиот ефект.

Пред оргазам

ЗАБРЗАЈТЕ: Помислете на вашата највозбудлива сексуална фантазија, тоа може да биде сцена од филм или секс поза во која самоуверено гледате во него.

ЗАБАВЕТЕ: Ако чувствувате дека тој е при крај, сменете ја позата или сопрете и бакнете го. Навистина е блиску? Креирајте прстен околу коренот на неговиот пенис со прстите и притиснете нежно. Ова може да ви биде излез за итни случаи и да ви обезбеди уште малку време.

Напиши коментар