Постојат многу фактори кои ја загрозуваат врската. Неверството, недостаток на романтика, недостаток на заеднички интереси… Но во повеќето случаи вљубените наоѓаат начин да ги компензираат. Постојат меѓутоа 3 работи кои ако не успеете да ги контролирате или целосно да ги отстраните, секогаш водат до едно – разделба! Еве и кои се тие.
Егоизмот
Човек задолжително треба да биде и малку себичен. Но кога еден од партнерите секогаш се става себе си на прво место, односите ви се осудени на пропаст. Ви се допаѓа или не, врската бара емпатија. Едноставно нема како да сете обврзани и да си правите што и кога ќе посакате, без да го почитувате другиот.
Критиката
Постојаните испади на лутина и зајадување никогаш не водат до добра работа. Дали е прашање на комплекси или фрустрации, но постојат луѓе за кои критиките се претвораат во нормален начин на комуникација. Тие постојано ја газат самодовербата на партнерот, разговорите секогаш завршуваат со скандал.
Одбивање да ги прифатите недостатоците на другиот
Секој има свои позитивни и негативни карактеристики. Знаете, нели? А сега е време и да ги сватите сериозно овие зборови. Тие не се само клише, што виси во воздухот. Колку и идеален човек да сретнете, во него секогаш ќе има нешто што нема да ви се допаѓа. Не може да се борите со овој факт. Ако се обидете, врската едноставно ќе се распадне. Сами оценете што е подобро за вас…