Истата стара приказна: мажите им се лутат на жените бидејќи не сакаат секс и обратно, жените им се лутат на мажите бидејќи секогаш сакаат само секс.
Жените ги критикуваат мажите дека не ги ги сакаат, всушност дека не знаат да љубат. Мажите се жалат дека жените сакаат само да зборуваат за љубовта, а не сакаат да водат љубов.
Причината поради која мажите имаат поголема желба за полов однос е хормонот тестостерон, кој е доминантен машки хормон. Телото на нормален маж го произведува тој хормон за 20 пати повеќе, отколку телото на жената.
Со други зборови, мажите после еден ден без полов однос, се чувствуваат онака како што се чувствува жената после 20 дена без полов однос. Мажот кој немал полов однос 20 дена ќе се чувствува како жената која немала полов однос цела година.
Со таа едноставна разлика во умот, можете да си ги замислите маките на спротивниот пол?
Тоа не е нивна вина, такви се родени, разликата е во нашите гени.
Тоа е причината поради која мажите се она што се, а жените се жени.
Мажите и жените се различни. Не ПОДОБРИ или ПОЛОШИ, туку само различни.
