After Midnight

Зошто не ти приоѓаат мажите?

Ако сакате мажите да ви приоѓаат, морате да му покажете, едноставно морате да најдете начин да бидете достапна. Сепак не можете само да седите и да чекате принцот на бел коњ да се појави од никаде.

Постојано сте опкружена со другарките – кога девојките излегуваат исклучиво во женско друштво, мажите се свесни дека штом ќе се сврти, веднаш почнуваат коментари и проценување. Доволно е тешко да се пријде на само една девоја, а камоли на цела група. Ако сакате некој да ви пријде, најдете начин за кратко да се издвоите од екипата.

Премногу атрактивна – колку и на вашето его да му биде пријатно од помислата дека сте толку секси што ги заледувате сите наоколу, бидете свесни дека тоа нема да ви донесе премногу додворувачи. Кога изгледате така, мажите се сигурни дека кај вас немаат никакви шанси. Дури и некој да успее да ве смува, што му преостанува покасно? Вашиот животен стил за нив е прескап и вие сте елиминирана како „прескапа за одржување“.

Слободно однесување – ако ви се случи да испиете толку многу што ќе ви биде сеедно дали сте се качиле на шанк или шипка во барот за да танцувате, треба да знаете дека очите на сите мажи ќе бидат уперени во вас. Но ни еден од нив нема да ви пријде. Таквите девојки мажите не ги сваќаат озбилно. Ако некој ви пријде, тој од вас сака само една работа.

Неугледен стил на облекување – во оваа група припаѓаат вулгарниот стил на облекување или пак изглед како бездомник. Ни едните ни другите девојки не котираат високо кај мажите.

Сноб – ставот: „премногу сум добра за тебе“ е техника која ќе ви гарантира дека никој нема да ви пријде. Почнете да испраќате позитивни вибрации кон луѓето и веднаш ќе ја почувствувате разликата.

Друг маж – ако се појавите во машко друштво, оставате впечаток дека сте зафатени. Мажите не можат да знаат дали тој ви е дечко, пријател, или посесивен брат што ќе му ги скрши сите коски ако ви пријде. Некој од нив можеби ќе собере храброст да ви пријде, но повеќето сепак ќе побараат полесен плен.

Напиши коментар