← НАЗАД НА БОЗА

Зошто некои жени се толку лоши во сексот – 4 главни причини!

Зошто некои жени се толку лоши во сексот – 4 главни причини!
512 Читања

Сите толку очајно сакаме сексот да биде совршен како на филм, но вистината е дека тоа понекогаш не е така. Сепак, најголемата пречка за идеален секс може да се најде во нашата глава.

Еве неколку причини како лошите умови можат да остават лош впечаток во кревет.

  1. Вие сте сосема несигурни

Освен ако навистина сакате да ги види вашите мани, не потенцирајте какви се вашите гради, големината на вашиот стомак како и целулитот по вашите нозе и задник.

Дозволете му да го сака вашето тело. Ако вам не ви се допаѓа, не значи дека нему не му се допаѓа. Вистината е дека најверојатно нема да ги види вашите недостатоци, освен доколку не го принудите. Значи, престанете со чувство за самосожалување и дека имате одвратно тело, веднаш престанете да му кажувате дека тој заслужува поубава девојка и се ќе биде во ред. Инаку, како може да очекувате за него да бидете секси девојка која постојано нагласувате дека тоа не сте!

  1. Вие сте опседнати со своите недостатоци

Тешко е да се најде жена која е сосема задоволна со своето тело. Сите дами имаат недостатоци, а најлошото нешто е кога ќе станат опсесија. Бидејќи вие не можете да престанете да размислувате за недостатоците, најдобро е да се води љубов во средина која тие не ги истакнува. Ова значи затемнети светла, секси долна облека што ги истакнува облините на најдобар можен начин, па дури и со врзани очи на партнерот ако е потребно. Овие, се разбира, се краткорочни решенија, но можат да помогнат.

  1. Едноставно не ви е до секс

Одговорот е едноставен – ви треба повеќе возбуда! Кога девојката е многу возбудена, таа не размислува за мали работи, како што е целулитот и масни наслаги, целосно е опуштена и ужива во сексот. Добра идеја е да се врзат очите и само да се ужива во чувството. Заборавете за она што вашиот партнер сака неколку моменти и целосно препуштете се на уживањето.

  1. Ја одбивате неговата блискост

Интимност, физички и емоционални врски се суштинска компонента на секоја врска. Ако го лишите од интимност како некој вид на казна, и само повремено го почестувате со сензуален допир кога тој бил “добро момче”, тогаш не можете да очекувате неверојатен секс. Блискоста е потребна да се задржи во врската за да функционира нормално и не треба да се гледа како алатка за казнување.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk