1. Парите се битни
Не бирајте партнер според неговите приходи.Во денешно време кога парите се најбитни, а моралот сведен на минимум истражувањата покажаа дека во најолем процент од врските, партнерите имаат слични приходи.
2.Комуникација
Разговарајте со вашиот партнер. Поради недостаток на време, многу работа и други активности партнерите во денешно време забораваат на најважната работа за успешна врска, комуникацијата. Истражувањата покажаа дека партенрите кои континуирано поминуваат по 20 минути на ден во разговор имаат многу поуспешна врска од останатите.
3. Прифакање
Прифакањето е предуслов за успешна врска. Бидете свои, не се покажувајте во подобро светло од тоа што сте, за да може да го прифатете вашиот партнер со сите маани и доблести.
4. Заблагодарувајте се
Ова правило не се однесува само кога станува збор за љубовта, пожелно е да се заблагодаруваме во сите ситуации кои го следат секојдневието. Но кога зборуваме за љубовта, треба да знаеме дека е особено е важно да се заблагодаруваме на партнерот бидејки на тој начин покажуваме почит.
5. Разменувајте допири
Истрашувањето покажа дека разменувањето на нежност, допирањето и бакнувањето го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и го стимулираат серотонинот- хормонот за среќа.
6. Внимателно бирајте ги пријателите
Мислењето на вашите пријатели е многу важно. Ако на вашиот пријател не му се допаѓа лицето со кое сте во врска, често може да наидувате на несогласувања. Затоа е многу важно да се има поддршка од драги и блиски луге. Тогаш се е полесно, па и врската посреќна.
7. Секс
Се разбира дека сексот е еден од предусловите за успешна врска. Истражувањето покажа дека партнерите кои имаат секс најмалку еднаш неделно имаат посреќна и поуспешна врска. Се е јасно, доколку сакате да имате насмевка на лицето, уживајте во кревет.
8. Забава
Без забава не постои успешна врска. Од седење дома пред телевизор нема спомени, па затоа излегувајте и забавувајте се, бидете инвентивни .
9. Слобода
Слободата е многу важна за успешна врска. На ова правило особено треба да внимаваат жените кои имаат навика да ги држат своите партнери за врат. Дајте им ја слободата, за тие да ја изразат својата индивидуалност и да не чуствуваат потреба да ве лажат.
10. Не бидете злопамтило
Најлошо што може да ви се случи е да ве прогонуваат лоши мисли кои секако го нарушуваат мирот во врската. Доколку во текот на врската се случи нешто што ве повредило или опростете или прекинете. Терање инает и префрлување на работи од минатото не водат кон успех.