Free zone

2 хороскопски знаци кои тешко кажуваат “те сакам“

Иако овие два хороскопски знаци не се одлучуваат лесно да кажат “те сакам“, можеби би требало да научите како да ги следите знаците со кои тие ви покажуваат дека ве сакаат.

Јарец

Ладен и арогантен, е првиот впечаток кој го стекнуваме за луѓето кои се родени во овој хороскопски знак. Тие се претставуваат како непробојни тврдини кои не се освојуваат лесно, но внатре во нивните четири ѕидови се во состојба да плачат цела ноќ.

Само кога сте подготвени да се откажете од нив вие ќе ја загребете нивната површина и ќе сфатите дека и тие имаат длабоки чувства.

Стравот од повредување е она што ги спречува да ги покажуваат своите емоции така да често ги чуваат длабоко во себе. Тие попрво би изгубиле рака него да му кажат не некого дека го сакаат и дека се грижат за него.

Но кога ќе ги пробиете неговите ѕидови, маската паѓа и ќе ја видите неговата нежна природа.

Лав

Лавот не може да се носи со суетата која го спречува да се отвори и да ја покаже својата ранливост пред другите, дури и ако другата личност ја знае цел живот.

Лавот никогаш нема да ви признае дека се срами, секогаш ќе имате впечаток дека знаете помалку за него, отколку што тој знае за вас.

“Жал ми е“ е фраза која тешко дека некој Лав ќе ја изговори. Дури и ако е свесен дека направил грешка никогаш нема да си признае на сам себе, а не па на некој друг.

Во својата глава тој е совршен. Вие попрво ќе му извадите заб отколку зборови со кои ќе ги изразува своите љубовни чувства.

Напиши коментар