Порано или подоцна овие хороскопски знаци ќе уживаат во страстна љубов…
РИБИ И ДЕВИЦА
Рибите сакаат да живеат во свет во кој нема грижи. Тие се родени оптимисти, а кога станува збор за љубовта се прилично незаситни.
Од друга страна Девицата е мал “диктатор“ кој сака да знае кога е време за шегување, а кога време за сериозни работи. Незгодно е што овој модел го применуваат и во кревет.
Кога ќе се спои со Рибата, Девицата добива ветер во грбот и нејзините особини ќе се дуплираат, а во комбинација со овој незаситен знак остваруваат фатална комбинација.
СТРЕЛЕЦ И БЛИЗНАЦИ
Овие два знака претерано се привлекуваат, нема дилема. Нивната компатибилност може да се опише како кармичка, бидејќи нивниот сензибилитет и скриени желби совршено се надополнуваат.
Стрелецот дивее од хормони и страствено реагира на присутноста на Близнаците и нивното влијание на психата се зголемува и ја превзема контролата над овој рационален знак.
Либидото, емоциите, желбата и психичката зависност со Близнаците е неминовна.
Близнаците од друга страна свесно повеќе ги сакаат Јарците но тие тука многу не одлучуваат.
