After Midnight

4 причини за романса со најдобриот пријател

Ви се случило ли да бидете сведоци на љубов која се родила од пријателство? Честопати, најдобрите пријатели започнуваат врска, а не се ретки ни случаите кога таа врска преминува во брак.

Дали постои вистинско пријателство меѓу спротивните полови или нивното дружење секогаш добива романтична нота, не може со сигурност да се каже.

Дури и најдобрите пријатели кои станале романтични партнери честопати се разделуваат, па пријателството не е никаква гаранција за добра врска.

Доколку имате добар пријател од спротивниот пол и навистина се двоумите дали да започнете романтична врска со него, еве неколку причини кои можеби ќе ви помогнат да се одлучите.

Тој/таа најдобро ве познава

Ако зборуваме за навистина близок пријател, значи дека заедно делите речиси сè, си се доверувате еден на друг, едноставно одлично се познавате. Романтичната врска само уште повеќе ќе го зацврсти вашето пријателство, а шансите да успее се навистина големи, токму поради тоа што добро се согласувате како пријатели, иако сте свесни за маните на другиот.

Вашето семејство го познава

Нормално е вашето семејство да го познава вашиот најдобар пријател.

Исто така, голема е веројатноста дека вашите блиски го сакаат вашиот пријател и го одобруваат вашето дружење.

Кога би стапиле во врска со најдобриот пријател, ќе ги избегнете сите оние напнати и не толку посакувани ситуации кога треба партнерот да го запознаете со семејството, па измачувањето себеси со прашања дали ќе им се допадне, дали ќе ја одобрат вашата врска, како вие ќе изгледате во очите на родителите на партнерот…

Обострани романтични чувства

Доколку кај вас се раѓаат одредени романтични чувства кон вашиот најдобар пријател, голема е веројатноста и другата страна да се чувствува исто.

Не срамете се да го направите првиот чекор. Сигурно е многу поедноставно и полесно отколку да му пристапиш на странец кој го познаваш кратко време, и од кој не знаеш што може да очекуваш.

Нема да ве искористи

Личноста која долго време ви била најдобар пријател, сигурно нема да ве искористи и да ви сврти грб. Можеби и двајцата ќе сфатите дека подобро сте функционирале како пријатели, но сепак ќе најдете начин да си го вратите пријателството и да заборавите на романтичните мигови.

Во секој случај, по помината ноќ заедно, вашиот најдобар пријател сигурно нема да ве избегнува, да ви ги одбива телефонските повици и да ве игнорира.

Пред да се одлучите дали пријателството да го претворите во романтична врска, размислете дали сте подготвени да го изгубите најдобриот пријател.

Колку што се чести успешните врски, исто толку чести се и растурените пријателства поради обид да се претворат во врска.

Гаранција никогаш нема, па доколку навистина имате силни чувства кон вашиот пријател, едноставно ризикувајте.

Write A Comment