After Midnight

5 типови оргазам кои мора да ги испробате

Сакате да доживеете оргазам во вистинска смисла на зборот, но не ви поаѓа од рака? Време е за нов пристап, а ако не ви се доаѓа повторно можете да се вратите на старата рутина.

Клиторичен оргазам

Кратко и слатко, овој тип на оргазам се постигнува со стимулација на клиторисот. Според сексолозите ова е најлесниот и најчестиот тип на оргазам. Мажите понекогаш имаат проблем за да ја доведат жената до оргазам на овој начин зошто не знаат какви движења да практикуваат.

Како да го постигнете – најдобриот начин за подобрување на овој оргазам е со мастурбација. Целта е самите да откриете кои потези најмногу ве возбудуваат со цел полесно да му објасните на партнерот што да прави кога ќе се фрли на работа.

Вагинален оргазам

Поинтензивен и подолг од клиторичниот оргазам. До него се доаѓа откако ќе се стимулира фамозната Г –точка. Многу жени никогаш не доживеале вагинален оргазам затоа што не можат доволно да се опуштат или пак затоа што партнерот не може да го пронајде вистинскиот агол што би предизвикал сексуална кулминација.

Како да го постигнете – натерајте го партнерот со помош на прстите да ја најде точката која вообичаено е лоцирана на 2 см од почетокот на вагината. Кога ќе почувствувате дека ја пронашол побарајте наизменично да ја притиска и пушта.

Дупли оргазам

Станува збор за истовремен оргазам во клиторисот и вагината. Според истражувањата дуплата стимулација може да предизвика оргазмична состојба што трае и до 15 минути.

Како да го постигнете – за да дојдете во фаза на дупли оргазам е потребно е многу труд и опуштање. Мора истовремено да имате вагинален секс и да вршите масажа на клиторисот. Верувале или не најдобрата поза за овој оргазам е мисионерската.

Мускулен оргазам

Не трае долго, но е мошне интензивен. Велат дека е потребно многу труд и вежбање за да доживеете ваков тип на оргазам, но чувството после него е фантастично. Најдоброто нешто е што за овој оргазам не ви е потребен партнер.

Како да го постигнете – додека вежбате со мислите фокусирајте се на секс и правете вежби кои ги активираат мускулите на долниот дел од стомакот.

Музички оргазам

Се доживува преку кожата има благ интензитет за разлика од сè досега споменато. Веројатно сте го искусиле, но сте го доживеале како благо пецкање по кожата.

Како да го постигнете – го предизвикува моќна музика. Научниците веруваат дека ненадејните преоди од тивка во гласна музика доведуваат до тоа кожата да се наежи и да стане мошне чувствителна.

Write A Comment