Допирањето на усните и јазикот е една од најубавите интимни работи кои можете да ги споделите со партнерот. Бакнувањето може и да се вежба, а со малку труд и волја да го доведете до совршенство. Доколку сакате да се бакнувате совршшено, еве што треба да избегнувате.
Премногу плунка
Добриот бакнеж е влажен, но премногу плунка околу усните или во самата уста ќе ја убие желбата помеѓу партнерите.
„Гуштерски” јазик
Знаете како изгледа ситуацијата кога гуштер ќе го исплази својот долг јазик за да фати плен, така? Кој и да го превзел овој потег од животинското царство не сфатил дека не придонесува кон квалитетот на бакнувањето.
Лош здив
Ништо не може да ја уништи страста помеѓу партнерите како бакнеж со лош здив. Без обзир дали станува збор за храна која сте ја консумирале непосредно пред бакнувањето или некој друг извор на непријатен мирис, секако отстранете го на соодветен начин пред да му се доближите на партнерот.
Отворени очи
Бакнувањето со отворени очи дефинитивно не е сценарио од романтичните холивудски филмови. Доколку сакате да го гледате партнерот, подобро да го прекинете бакнежот и префрлете се на нежни милувања.
Прегласно стенкање
Бакнежот може да биде одлично загревање за страствен секс и нормално е за време на бакнувањето партнерите да воздивнуваат. Но доколку копирате звуци од порно филмови по првиот допир на усните за да го возбудите партнерот, веројатно само ќе го одбиете од себе.
Јазик во грло
Никој не сака да почувствува јазик кој се забива во грло. Не само што оваа активност е опасна, бидејќи може да го сопре протокот на кислород, туку е и непривлечна за оној кој го прима таквиот бакнеж.
Судирање на забите
Да бидеме реални, судирањето на забите може да им се случи и на најдобрите, но доколку форсирате агресивно судирање на забите од страствени побуди, очигледно ќе завршите кај забар и тоа без поддршка од партнерот.