After Midnight

Ако сакате и тој да се вљуби…

Најпрво треба да знаете дека не е потребно да се однесувате неприродно или да се смените целосно, за да натерате даден маж да се чувствува пријатно со вас. Ако сакате тој да се вљуби најдобро искористете ги следниве неколку совети, односно применете одредени начини на однесување, кои потврдено поминуваат добро кај силниот пол.

Како за почеток посветете внимание на облеката. Атрактивниот изглед е еден од начините да го привлечете неговото внимание. Само не избирајте премногу разголена и провокативна облека, зошто во тој случај ќе направите сосема погрешен впечаток. А тоа не е целта. Целта ви е тој да се почувствува како алфа – мажјак, поради фактот дека од сите мажи наоколу, оваа прекрасна жена го посветила своето внимание на него. И тој би требало да се потруди работите да останат како што се.

Следуваат добрите манири. Бидете женствена, смејте се често и не влегувајте во улогата на мис Претенција. Ислушајте го, не го прекинувајте, не учествувајте во теми за кои не сте компетентна. И внимавајте со грубите изрази. Арогантните жени не се многу, многу по вкусот на мажите.

Друга важна тактика е да не сте лесно достапна. Зошто ако веднаш легнете со него, веројатноста тој да се вљуби во вас е ништожна! Треба да има лов. Ако правилно си ги изиграте картите, наскоро тој ќе биде ваш…

И не на последно место – вие треба да сте различна! Ако не сакате да ве смета како една од многуте, тогаш престанете да се однесувате како една од многуте. Не плашете се да покажете индивидуалност, да ги покажете своите таленти и погледи за животот. Имајте свое мислење, заштитете го, но не го наметнувајте. Мажите не се вљубуваат така лесно. Потребно им е време. Време во кое најголемата ваша грешка би била да се наметнувате, да вршите притисок, да се појавувате непоканета или да досаѓате. Имајте разбирање за неговите потреби и личната слобода и тој наскоро ќе свати дека не може да живее без вас.

Напиши коментар