Free zone

Бемките ја одредуваат вашата судбина

Се верува дека бемките се знаци кои се многу тесно поврзани со човечкиот карактер и неговата судбина. За да појасниме треба да кажеме дека станува збор за бенки од раѓање или оние кои се појавиле во раното детство. Во зависност од нивната местоположба можете да извлечете полезна информација или да направите една обемна анализа за карактерот на личноста и судбината.

Бемки по лицето

Ако бемката е на челото, образите или носот тоа значи дека се работи  за мудар човек со остар ум. Овие луѓе се секогаш едно ниво над другите, побрзо мисловно асимилираат и имаат завидна интелигенција.

Ако бемката е оклу устата или брадичката, тоа значи дека најубавите денови од животот ги очекуваат после 40-та година. Покасно ќе ја сретнат љубовта и покасно ќе создадат семејство.

Доколку имате повеќе бемки по лицето вие сте вистински среќници. Животот ќе ви биде динамичен и среќата ќе биде основен печат на вашата судбина.

Бемки по рацете и нозете

Бемките по рацете, рамената и дланките се знак дека личноста е многу емотивна. За вас љубовта е на прво место и би направиле се во нејзино име. Тешко поднесувате предавство и лага. Но често ќе ви се наложува, бидејќи вашата судбина е да носите среќа и хармонија на другите.

Бемките по нозете и стопалата зборуваат за оптимистична и весела природа. Таквите луѓе често го менуваат правецот во својот живот но секогаш се со насмевка и добронамерни.

Ако имате бемка на долниот дел од ногата треба да знаете дека шансите да станете позната личност се големи. Нема да згрешите ако почнете да се занимавате со спорт, шоу бизнис, политика, уметност…Вие сте интересни и екстравагантни но најверојатно одамна сте го забележале тоа.

Бемки по стомакот и грбот

Бемките по стомакот се типични за луѓе склони кон зависност. Дали ќе е тоа саканиот човек, секс или алкохол. Овие луѓе треба да се многу внимателни бидејќи бурните чувства знаат да бидат опасни. Но ако го знаете ова и ја насочите целата таа емоционална енергија кон нешто продуктивно, таа ќе ви се заблагодари со огромен успех.

Бемките по грбот се знак дека сте организирана и воздржана личност, која знае како да се грижи за себе. Таа воздржаност понекогаш работи во ваша штета зошто трупате емоции кои избувнуваат баш тогаш кога не треба. Но како целина вие си тежите на местото и луѓето ве почитуваат.

Бемки по градите и интимните делови

Луѓето со бемки по градите се умни, со силна интуиција и со специјална мисија во животот. Тие се родени лидери и кога се помеѓу луѓе секогаш се издвојуваат. Нивната специјалност често пати предизвикува завист но тие знаат како да се справат со човечката злоба. Се ќе им се подредува како што треба ако почесто ја слушаат интуицијата.

Бемките по интимните делови зборуваат за многу силен карактер кој се стреми секогаш кон најдоброто. Тоа е мачно зошто овие луѓе ретко чувствуваат вистинско задоволство обземени од манијата кон совршенство. Судбината не им е лесна но ако научат добро да ги избираат луѓето во својот живот се ќе биде во ред.

Напиши коментар