Состојки:
Пакетче “petit beurre” бисквити
25 чоколадни крем банани
200 мл кисела павлака
200 мл слатка павлака
200 гр шеќер во прав
Шлаг крем
Подготовка:
Во поголем сад со миксер изматете ги киселата и слатката павлака со шеќер во прав. Во смесата додадете бисквите искршени на поголеми парчиња, потоа и крем бананите искршени на помали парчиња па рачно измешајте. Смесата исипете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг крем. Ако е потребно може веднаш да се сервира, но би било најдобро пред сервирање да се олади во фрижидер.
