За Брускети потребно е:
- 1 леб француски(интегрален,бел…)
- 2 чешлоња лук
- 1дл маслиново масло
- 150гр. сланина3 јајца
- 50гр. пармезан
- 3 домати
- 150гр. фета сирење
- неколку ливчиња свеж босилек
Подготовка:
1. Лебот го сечеме накосо на тенки кривчиња. Секоја кришка ја премачкувте со пресечено лукче и ставате две-три капки маслиново масло. Ако имате четка, можете кришките да ги премачката за да биде сегде рамномерно.
2. Ставете ги кришките во тепсија на пекарска хартија и рерната наместете ја за грил функција или на висока температура. Суштината на ова е брукскетите да бидат подпечени и крцкави.
3. Додека се пече лебот, припремете го филот: доматите и фета сирењето исецкајте ги на коцки. Сланината испржете ја во тава се додека не биде потполно крцкава. Извадете ја сланината од тавата, па на истото масло испржете кајгана од 3 јајца. Во кајганата ставете од пармезанот.
4. На печениот леб ставете малку од веќе приготвените јајца, пржената сланин, а на крајот и од исецканите домати и фета сирење. На крај сите зчинете ги со сецканиот свеж босилок.
