Мојата кујна

Брз чоколаден колач готов во 3 потези

Потребните состојки се мерат во шолји така што нема губење време на мерење грамови на кујнската вага. Исто така, имате и слобода во изборот на состојките. Значи, овој колач е брз, сочен, чоколаден и прекрасен и едноставно нема зошто да не го пробате!

СОСТОЈKИ:

– 2 јајца
– 2 шолји изрендани јаболки или моркови
– 1 шолја шеќер
– 1 шолја гриз или половина шолја гриз половина шолја интегрално брашно
– 1 шолја мелени ореви/лешници/бадеми
– 1 шолја млеко
– 0,5 шолја масло
– 1 лажица какао
– 1 кесичка прашок за пециво
– 100 гр. вишни (не е задолжително)

ПОДГОТОВKA:

Убаво изматете ги јајцата со шеќерот, да се запенат. Додајте го млекото, маслото, какаото и убаво измешајте. Потоа додадете ги јаболките, оревите, гризот, прашокот за пециво и вишните. Сé измешајте полека, убаво да се соедини. Ставете ја смесата во подготвениот калап/ тава и печете на 180°C. Со чачкалица проверете дали колачот е готов.

Чоколадна глазура

– 100 гр. чоколадо
– 70 гр. путер

Подготовка:

Путерот и чоколадото стопете ги на пареа. Додека колачот е се уште топол прелијте го со глазурата. Оставете да се олади.

Write A Comment