ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
600 г. мелена плазма
100 г. мелени и сецкани ореви
200 г. чоколадо
2 лажици масло за готвење
200 г. шеќер во прав
250 г. путер
2 јајца
200 мл. газиран сок со вкус на портокал или пак цеден портокал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Со миксер измешајте ги јајцата, маргаринот и шеќерот. Додадете плазма, ореви, и 100 г. рендано чоколадо. Сипете сок и добро промешајте додека се не се соедини. Ставете ја смесата на послужавник и обликувајте ја тортата.
Преку неа ставете глазура од стопено чоколадо (преостанатите 100г.) и масло.
По желба можете да додадете и бадеми, лешници или ореви, суво грозје, или пак суви кајсии… Исто така, преку глазурата можете да ставите и шлаг.
Совет:
Имајте предвид дека јајцата кои ќе ги искористите треба да бидат свежи.
