ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 400 мл. јогурт
– 2 јајца
– 2 пакетчиња ванилин шеќер
– прстофат сол
– 2 лажички шеќер
– 20 лажици брашно
– 1 пакетче прашок за пециво
– масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги сите состојки додека не се претворат во еднолична смеса. Доколку забележите дека вашата мешавина е ретка, слободно додадете уште неколку лажици брашно.
Вадете мали топчиња со лажица (и со прсти), и пржете во врело масло. Сепак, внимавајте да не биде прежешко.
Штом забележите дека тестото добило црвенкаста боја (а тоа ќе е за кратко време), превртете ги и на другата страна. Доколку ги пржите во многу масло, тие ќе се превтруваат и самите.
Вадете ги во чинија обложена со салфети, за да се впие вишокот масло.
Посипете со шеќер во прав и со чоколаден прелив (по вкус).
