ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 гр брашно
125 гр путер
100 гр шеќер во прав
2 жолчки
3 лажици ладно млеко (може и вода)
малку сол
140 гр путер (Фил)
150 гр темно чоколадо (Фил)
8 лажици какао во прав (Фил)
4 јајца (Фил)
200 гр шеќер (Фил)
3 лажици мед (Фил)
3 лажици слатка павлака (Фил)
малку сол (Фил)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во пластичен сад се меша путерот заедно со шеќер и малку сол. Се додава брашното и жолчките. За да се соедини смесата се додава и млеко.
Тестот о се размесуваме, но се внимава премногу да не го измеси. Целта е да се измеси тестото со што помалку мешања (за да не се добие еластично тесто кое при печење ќе се стврдне и ќе стане жилаво наместо ронливо).
Добиеното тесто се замотува во проѕирна фолија и се остава 1 час во ладилник.
Се пече на 180 степени, 12-тина минути (тестото е испечено до пола).
На пареа се растопува чоколадото заедно со какаото во прав и малку сол.
Во друг поголем сад се матат јајцата, па се додава медот и слатката павлака. Потоа се додава и растопеното чоколадо.
Оваа смеса се излива на полупеченото тесто и повторно се пече околу 40 до 45 минути на 150 степени.
Кога е питата печена, се остава да се олади 45 минути.
