Состојки:
150 г. чоколадо
50 г. масло за готвење
150 г. мешани мелени лешници и бадеми
2 лажици рум + 2 лажици смеѓ шеќер
2 лажици рум
Подготовка:
Ставете го чоколадото во загреано масло и стопете го на пареа. Додадете ги мелените лешници и бадеми и промешајте. Загрејте ги румот и шеќерот се додека не се стопат во целост, и оставете да се олади. Потоа додадете ги во смесата со чоколадо и промешајте. Додадете уште две лажици рум, промешајте, и обликувајте кугли. Декорирајте со чоколадни мрвици, кокос, какао, или слични слатки додатоци.
Оставете ги да отстојат неколку часа во фрижидер.
