Некои веруваат во љубов на прв поглед, други во љубов на прв состанок, трети во љубов на… 101 поглед. Кај секого е различно, но фактите говорат сами за себе!
Веќе е докажано дека љубовта на прва средба не само што е можна, туку и се случува доста често. Во цели 50% од случаите според новото истражување, направено во Велика Британија.
Најинтересното е што обично мажите се оние кои се вљубуваат први. Хм, а ние мислевме, дека ние жените сме оние кои повеќе подлегнуваат на емоциите и еуфоријата од љубовта.
Всушност, тоа се должи на фактот дека ние дамите сме претенциозни. На една жена и треба повеќе време за да го процени нејзиниот иден партнер… За сметка на тоа пак, повеќето господа или 29% од нив, споделиле дека уште на првата средба се чувствувале лудо вљубени во дамата со која се виделе само еднаш.
Предметното истражување покажало и уште еден интересен факт – клуч до срцето на една дама е интересен разговор.
