After Midnight

Дали е добро да имате тајни пред партнерот?

На почетокот на врската, додека партнерите не се запознаат подобро, тајните се сосема природна појава, меѓутоа, психолозите наведуваат дека искреноста е „билет“ за влез во среќна врска.

Доколку имате соништа за промена на местото на живеење, карерата или работи поврзани со семејството, подобро е на време да го информирате и вашиот партнер, и да го вметнете некако во вашите планови. Дознајте што мисли тој за тоа, бидејќи најверојатно ваквите отворени разговори ќе ве одведат на правилниот пат, без разлика на неговата реакција.

Активностите на социјалните мрежи често се причина за денешните раскинувања, токму заради неискреноста на едниот или двајцата партнери. Веројатноста да бидат откриени вашите флертувачки разговори со виртуелните пријатели е голема, а потенцијалните недоразбирања можете да ги избегнете само со искреност. Ова секако не подразбира дека би требало да имате иста е-mail адреса или заеднички профил на социјалните мрежи, бидејќи важно е да ја одржите и вашата приватност.

Се што ве мачи, од здравствените проблеми до оние на работа, односите со пријателите и роднините, чувствувајте се слободно да ги споделите со вашиот сакан. Ова е прилика да видите колку тој ве разбира и поддржува во моментите кога ви е тешко. Доколку молчите и не зборувате ништо, а вашето лице од ден во ден изгледа се позагрижено, партнерот може да помисли дека проблемот е во вашата врска, и да дојде до несакани недоразбирања.

Исто така, важно е да бидете искрени и во спалната соба, но н во погрешен момент. Идеално време за соопштување на вашите желби и потреби е додека гледате телевизија заедно, или пак шетате, па оставете за подоцна да се разгорат страстите.

Напиши коментар