Научниците од Универзитетот во Сен Ендрус веруваат дека ја решиле мистеријата за дежа- ву чувството.
Истражувачот Акира О’Конор со помош на магнетна резонанца го гледал работењето на мозокот на волонтери, кои во текот на снимањето биле подложени на постапка која предизвикува исто чувство како дежа-ву.Открил дека чувството го произведуваат делови од мозокот задолжени за проверка на постоечки сеќавања, а не тие за лажни сеќавања
„Тоа е во склад со нашата теорија дека ова е искуство на свесно регистрирање и поправање на одредени дискрапанци во нашите сеќавања“ – вели О’Конор.
Што тоа значи?
Тоа значи дека дежа-ву не е грешка во нашиот мозок туку превенција на грешка, односно поправање на грешката во нашите сеќавања. Една теорија вели дека дежа-ву укажува на добро памтење, додека пак друга теорија вели дека тоа може да биде знак дека луѓето кои не доживуваат дежа-ву имаат подобро паметење, затоа што во системот нема потреба за превенција од грешка.
