Доколку некои од овие работи се појавуваат во вашите сонови, наскоро на вашата врата ќе се појави нова љубов.
Кукла – доколку си играте со неа тоа значи дека ќе се расправате, но ако давате некому тоа е знак за нова љубов.
Голотија – ако се соблекувате или ако сте голи, тоа значи дека ќе запознаете некоја личност со која ќе имате романса.
Постелнина – кревет и постелнина укажуваат на љубов и на тоа дека сте во можност да прифатите нови емоции.
Густа шума – ако не можете да излезете од густа шума, значи дека не сте спремни за љубов, но ако успеете да излезете вие сте зрели за нов однос.
Семки – тие се симбол на плодност, но и за љубов.
