Ако сте болни и имате проблеми со кашлање, обидете се да го подготвите овој природен лек.
Потребно ви е:
лажичка лен во прав
лажичка жалфија
1 лимон исечен на тенки парчиња
250 мл вода
250 грама кафеав шеќер
Подготовка:
Во сад сипете вода и додајте го кафеавиот шеќер. Кога ќе се стопи шеќерот додајте ги останатите состојќи и гответе на тивок оган околу 15 минути.
Потоа тргнете ја напивката од оган и ставете ја на ладно. Консумирајте по една лажичка сируп три пати на ден, а остатокот чувајте го во фрижидер.
