Мојата кујна

Домашни “Баунти” чололатца

Нема кој не ужива во вкусот на „Баунти“ чоколатцата, а сега можете и лесно да си удоволите себеси и на другите со тоа што ќе ги подготвите сами дома за не повеќе од 30 минути.

Состојки:

140 грама шеќер во прав

140 грама маргарин

400 грама кокос

250 грама чоколада за готвење

200 мл слатка павлака

Во еден сад измешајте ги шеќерот во прав и кокосот, па тргнете ги настрана. Во сад за варење измешајте ја слатката павлака со маргаринот и ставете ги на тивок оган за да се истопи маргаринот, па потоа изладете ја добиената мсеса. Кога ќе се излади масата, прелијта ја преку кокосот и шеќерот во прав.

Добиената смеса со раце месете ја додека не се добие тврда мешавина, па формирајте мали стапчиња во форма на вистински „Баунти“ чоколатца и ставајте ги на пластичен рамен сад, кој ќе го ставите во фрижидер за колачите да се здрват.

Изладените слатки потопетее ги едно по едно во стопеното чоколадо, и пак ставете ги во фрижидер, да се изладат, па послужете ги.

Write A Comment