Овој пат ќе зборуваме за најчестите “убијци” на страста во врските. Ги има многу, но да ги наведеме најголемите пет. Тоа се:
Сокривање на тагата: за да имате здрава и квалитетна врска треба искрено и отворено да кажувате за психичката состојба која ве мачи. Доколку се одлучите да ги сокриете проблемите и да ја пригушите тагата, тоа ќе се одрази со чудно однесување. Тоа ќе предизвика незадоволство кај партнерот, кој нормално не може ни да замисли што вас конкретно ве мачи.
Кажување на зборови кои болат: аргументирана расправа е едно, а кажување на навредливи зборови е нешто друго. Нешто кое навистина може да го повреди партнерот, а тоа да предизвика губење на чувствата кои ги има кон вас.
Опуштање: сосема погрешно е кога во долгата врска ќе се опуштите и ќе заборавите на вниманието и ситниците кои ги правевте за да го освоите партнерот. Тоа ќе го наведе на мислењето дека вие не го сакате, па тоа ќе го стори и тој.
Недостаток на доверба: ако сте љубоморни по природа обидете се малку тоада го прекриете. Љубомората покажува на недостаток на доверба. А доколку дојде до погрешно обвинение, само заради љубомората може да дојде и до прекин на врската.
Неубави навики: кога живеете сами се е поинаку. Но, доколку се решите на заеднички живот треба да обрнете внимание на своите навики. Колку и да изгледа неважно, сепак оставениот капак во WC, грицкање на нокти, гласно мљацкање додека јадете, фрлање на чорапи насекаде, може да биде фатално за страста во врската.
