After Midnight

Дознајте: Колку навистина трае сексот кај повеќето луѓе

Додека сексот во траење од 7 до 13 минути за повеќето луѓе е задоволителен, речиси половина од мажите сексот го завршуваат веќе за две минути.

Додека неодамнешните студии покажаа дека сексот во просек трае околу седум минути, истакнатиот експерт доктор Хари Фиш, кој е специјализиран за олекување на машките сексуални проблеми, тврди дека дури и тоа е претерување. Во истражувањето за својата нова книга „Гола вистина – Ултимативно сексуално образование за возрасни“ тој открил дека дури 43 отсто од паровите во просек не водат љубов подолго од две минути.

Кај 27 отсто од луѓето, сексот во просек трае од 3 до 7 минути, за 18 отсто од нив задоволството е непрестано од 7 до 15 минути, додека само 12 отсто од паровите велат дека сексот, односно самата пенетрација им трае од 15 минути до неколку часа.

Како главни „виновници“ за тоа се наведуваат мажите, иако прераната ејакулација се смета за состојба во која сексуалната возбуда не може да се контролира подолго од минута. Повеќе од 90 отсто од жените не можат да доживеат оргазам во рок од 2 минути, па во таквиот секс нивното задоволство е дефинитивно невозможно.

„Постојат големи варијации помеѓу паровите, па така некои навистина водат љубов и по еден час, но значително повеќе се оние чии страствени сеанси се кратки“, вели Фиш.

Тој додава дека мажите кои не можат да го одложат оргазмот две минути од почетокот на сексот, но ниту можат да го доживеат после 40 минути водење љубов, секако треба да посетат доктор бидејќи таквите проблеми треба да се ублажат.

Паровите во просек водат љубов два пати неделно, а последицата од краткото траење на сексот сигурно е и недостатокот на желба за него.

Напиши коментар