Вашата крвна група може да открие многу работи за вас, како на пример која храна и кој пијалак ви одговара, но и на кои болести сте изложени.
Пронајдете си ја вашата крвна група и прочитајте повеќе за карактерните особини кои ги поседувате:
1. Крвна група О
Личностите со О крвна група имаат дупло повеќе шанси да привлечат комарци отколку луѓето со други крвни групи. Освен тоа, овие луѓе тешко го поднесуваат стресот, бидејќи кај нив хормонот кортизол повеќе се задржува во организмот. Тоа може да доведе до забрзано стареење и зголемена желба за нездрава храна.
Луѓето со О крвна група се дружељубиви и отворени, секогаш подготвени за нови авантури.
2. Крвна група А
Луѓето со крвна група А се упорни и подготвени да преземат сѐ што треба само за да ги исполнат своите цели. Не обрнуваат внимание на заморот или проблемите, бидејќи за нив соништата се на прво место.
Овие луѓе поседуваат интелигенција, лојалност и секогаш се посакувани во секое опкружување.
3. Крвна група Б
Луѓето со крвна група Б се креативни и силни личности, а во работата вложуваат огромно количество на страст. Понекогаш знаат да бидат себични и непредвидливи, но сепак тие имаа способност да прават разлика помеѓу луѓето и точно знаат како да се однесуваат кон нив.
4. Крвна група АБ
Луѓето со крвна група АБ имаат тешкотии во помнењето, затоа и потешко им оди на училиште. Поради тоа тие секаде доцнат и се неорганизирани. Но, од друга страна пак, станува збор за чувствителни личности кои лесно се прилагодуваат во секоја ситуација без да ја изгубат својата индивидуалност.
