Мојата кујна

Енергетски чоколадни топчиња

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

15 урми

2 лажици екстракт од ванила

1/4 чаша незасладено какао

1/2 чаша печени кикирики

1/2 чаша сончогледови семки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Доколку урмите не се омекнати, потопете ги во топла вода и оставете ги да се исцедат. Потоа изблендајте ги.

На урмите во блендерот додадете ги сите погоре споменати состојки, по истиот редослед. Блендајте 3-4 минути.

Од добиената смеса направете топчиња.

Доколку сакате топчињата може да ги извалкате во какао во прав, кокос, мелени ореви и сл.

Write A Comment