Фенг шуи е древна кинеска вештина која верува дека во зависност од распоредот на работите во вашиот животен простор можете да ги унапредите, односно уназадите некои аспекти во вашиот живот. Па ако сакате да ја зајакнете врската или да запознаете некоја нова личност, Фенг шуи предлага да ги направите овие промени…
1. Мебелот ставете го на тепих
Барем предните ногалки од мебелот нека ви бидат на тепихот, а со тоа се смета дека се поттикнува комуникацијата меѓу луѓето кои седат.
2. Опкружете се со дупли работи
Ако сакате да започнете врска, не се опкружувајте со осамени елементи. Избегнувајте поставување на едно столче, една слика или останати ситници.
3. Прикачете фотографии на ѕидовите
За да ја зајакнете врската или бракот, на ѕидовите прикачете ваши заеднички фотографии.
4. Организирајте ја трпезаријата
Втората главна соба покрај спалната е трпезаријата. Добро организирајте ја со цел да привлечете повеќе љубов.
4. Отстранете ги негативните елементи
Спалната соба треба да биде пријатна, затоа затворете ги сите врати кои се поврзани со неа, а избегнувајте во неа да ставате столчиња или табуретки. Кога просторот станува поголем, луѓето емотивно се оддалечуваат.
5. Оставете простор за другиот
Оние кои се сами, својот животен простор го уредуваат во склоп со своите потреби. Но, ако сакате да ја зајакнете љубовта почитувајте го туѓиот простор.
6. Додајте нешто розово
Розовата боја, според Фенг шуи, е боја на врските и пожелно е да се користи во спалната соба. Таа е симбол на задоволството, романтиката, среќата и љубовта.