Фенг шуи советите за автомобил помагаат да се ослободите од негативната енергија и со тоа да создадете позитивни промени кои ќе привлечат среќа.
Автомобилот е продолжение на вашиот дом и е одраз на вашата личност.
Најдобро е ако купувате, да купите нов автомобил бидејќи тој со себе не ја носи негативната енергија од претходниот сопственик.
Бојата е исто така од големо значење како и комбинацијата на бои од внатрешноста која ја одразува вашата личност.
Бела боја на автомобил добро се комбинира со сите бои не ентериерот, освен со црвена.
Според Фенг шуи боите во автомобилот треба да се во склад со вашите лични бои кои ви носат среќа и да биде подржан со личните Фенг шуи елементи.

Фенг шуи совети:
– Вклучете ја вашата омилена музика веднаш штом ќе влезете во автомобилот. Пријатната музика ќе ја ослободи негативната Чи енергија и ќе го исчисти просторот.
– Отстранете го целиот неред од автомобилот. Исчистете го, тоа ќе помогне да се создаде подобра организација и ќе ја зголеми енергијата на возачот.
– Чувајте шише со вода во автомобилот. Елементот вода претставува јасност и помага во подобрување на свеста и привлекува среќа.
– Обезбедете свеж воздух во вашиот автомобил. Свежиот воздух е добар Фенг шуи елемент за ентериерот. Отворајте ги почесто прозорите и користете миризливи масла како ароматерапија.
– Прозорите секогаш нека бидат чисти. Според Фенг шуи принципите, прозорите се сметаат за очи на вашето возило и ви овозможуваат непопречен пристап до позитивната енергија.

– Морската сол и сода бикарбоната на подот ќе ја апсорбираат секоја негативна енергија која вашите совозачи можат да ја внесат во автомобилот. Но редовно поминувајте ги стазите на кои е солта со правосмукалка за на тој начин да ја вадите несаканата лоша енергија.
– Кога ќе го паркирате вашето возило најдобро е да не го поставувате така што ќе се соочува со куќата, бидејќи тоа е препрека за протокот на енергија.
