After Midnight

Физичко vs. психичко неверство

Кога се во прашање реакциите на измамата, за мажите телесното (физичкото) неверство е поболно отколку емоционалното. Причината за тоа е затоа што мажите, по природа, се поврзуваат со физичките дејствиа, изјавуваат стручните лица.

Мажите се заштитнички настроени кон партнерката и не сакаат да ја делат со други. Станува збор за инстиктивен нагон на кој е тешко да му се спротивставите.

Фотографиите каде што партнерката е прегрната со друг маж се многу тешки и болни и во повеќето случаи доведуваат до прекинување на врската.

Кога се во прашање жените, ситуацијата е поинаква. За нив сексуалната индискреција е помала отколку две зла. И тоа не затоа што им е полесно да му ја простат на партнерот ”слабоста на една вечер”, туку затоа што емотивната афера за жените значи дека љубовта е веќе мртва.

Така што изјавата ”тоа се случи кога малку се напив”, жените најверојатно ќе ја ”проголтаат”. Но изјавата ”се заљубив” за нив е непростлива.

Повеќето жени сметаат дека, емотивното неверство е знак дека партнерот не ни сака да му биде простено. Со тоа тој и дава до знаење дека сака слобода или нова врска.

Write A Comment