Мојата кујна

Француска торта со јаболка и рум

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: (за 6-8 лица)

1 шолја брашно

1 прашок за пециво

1/4 лажичка сол

1/2 шолја несолен путер на собна температура

2/3 шеќер, и уште малку за попрскување на колачот

2 големи јајца

1 ванила

3 лажици рум

2 благи јаболка, исечкани на коцки од 1 цм

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во мал сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Во друг сад изматете го путерот со шеќерот додека не стане пенаст, околу 3 минути. Додадете ги јајцата едно по едно, убаво изматете. Додајте ги ванилата и румот. На крај додајте ја мешавината со брашното и матете на најмала брзина додека не се измеша убаво. На крај додајте ги исецканите јаболка и измешајте со лажица/шпатула.

Сипете го тестото во помала тркалезна тава за печење (или калап), претходно намастена или обложена со хартија за печење. Одгоре попрскајте ја тортата со лажица шеќер како за глазура. Ставете ја да се пече во рерна загреана на 180 степени, околу 40 минути, додека не добие златеста боја или додека чепкалката од средина не излезе чиста. Кога ќе ја извадите од тавата (калапот) може да ја попрскате со шеќер во прав. Послужете ја топла или на собна температура и уживајте. За вистинска гозба, ставете и шлаг или сладолед.

Write A Comment