Мојата кујна

Гурмански поховани пиперки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

9 печени пиперки

1,5 dl масло

2 јајца

150gr кашкавал

9 ленти димена сланина

сол

100gr презла

3 лажички бражно

зачини по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Излупете ги пиперките, посолете ги и ставете ги на решетка да се исцедат. За тоа време исецкајте го кашкавалот на 9 парчиња. Расечете ги пиперките по должината и во нив ставете парче кашкавал. Врз кашкавалот ставете по една лента сланина. Спојте ги краевите од пиперката врз кашкавалот и сланината.

Изматете ги јајцата со малку сол, а во друг сад измешајте ги презлата и брашното. Ставете една тава на рингла и додадете масло. Пиперките прво тркалајте ги во презлата, па во јајата и потоа пак во презлата. Кратко пржете ги колку да добијат златна боја.

Ставете ги похованите пиперки на хартиена крпа за да се упие маслото. Наредете ги во чинија и врз нив нарендајте го останатиот дел од кашкавалот.

 

 

Write A Comment