ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
200 грама интегрално брашно
150 грама крем сир
3 лажици маслиново масло
Сол
За полнење:
400 грама спанаќ
2 чешниња лук
200 грама домати (од конзерва)
1 лажица доматно пире
Оригано
Прстофат мускатни оревчиња
50 грама горгонзола
Копар или босилек
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Брашното измешајте го со пола лажица сол, додадете го сирењето, маслиновото масло и 4 лажици ладна вода и замесете еластично тесто.
Рерната загрејте ја на 200 степени, калапот за пица обложете го со хартија за печење. Истурете го тестото во калап со големина 28 см, па убаво распоредете го во него.
Спанаќот обарете го додека да овене. Измијте го со ладна вода за да ја задржи убавата зелена боја и исцедете го.
Лукот исецкајте ги на крукчиња, доматите исецкајте ги на помали парчиња и заедно со малку сок од конзервата измешајте ги убаво со пирето од домати.
Смесата распоредете ја на површината на тестото. Додадете сол, бибер и оригано, а врз сето тоа ставете го исцедениот спанаќ.
Дополнително ставете бибер и мускатно оревче, потоа ставете го лукот и горгонзолата иситнета на мали парчиња.
Печете на загреана рерна околу 15 минути.
Пред послужување ставете дополнително листови босилек.
