Free zone

Како божицата на среќата влијае на вашиот хороскопски знак?

Кога зборуваме за хороскоп обично се однесува на позицијата на планетите. Во модерната астрологија се повеќе важно место заземаат астероидите, кои се сателити или месечини на поголемите планети, а може и тие да имаат свој пат ….

Кога станува збор за Фортуна (божица на среќата) ,неа не треба да ја мешате со арапската точка – Парс Фортуна- точка на среќата што ја пресметува оддалеченоста од Сонцето и Месечината, која се додава на подзнакот.

Митолошки,таа е многу славена божица во Стариот Рим , и имала и  крила со кои  можела за момент да  долета и одлета. Нејзиниот симбол е тркало слично на кормило , кое дава  впечаток дека среќата е променлива и се врти.

Од август 2013 година. се наоѓа во знакот на Рак, во сојуз со транзитниот Јупитер во ист знак . Во Ракот ќе биде до 20 мај , кога ќе премине во Лав . Како делува  на поединечни  хороскопски знаци , а преку нив на животот , ќе се обидеме да дадеме барем делумен одговор .

 Овен

Најголемата среќа може да ја доживее во рамките на семејството ,избегнувајќи го лошото влијание на искушението и со труд поправајќи се што може да се поправи . Ве усреќува кога ќе постигнете важна цел што влијае на вашето цело семејство. Можете да имате среќни околности во градежништвото, купувањето, или наследство на својот имот. Посакајте и тоа ќе се случи.

 Бик

Вие,бидејќи ,третата куќа е поврзана со интелектот ,ќе  бидете пример за изреката која  вели: ” секој е ковач на сопствената среќа. ” Како и честите  приказни на темата дека – се доаѓа од мојата глава. Ќе препознаете , осмислите и спроведете на најдобар начин  на сите во вашето окружување им  дадете корисни совети, а преку среќата на вам најблиските пријатели од секојдневието и вие бидете среќни .

Близнаци

Важите за личност која е многу несовесна кога се во прашање парите ,трошите на луксуз и друштвен живот но сега ќе ве прати среќа од тој аспект.Ќе заработите таму каде што најмалку се надевате,ќе добите некои хонорари, добро платена работа,а може да се случи и да заштедите по нешто,што инаку кај вас не е обичај .Опуштете се кога се во прашање парите.

 Рак

Експанзија на сите полиња,а среќата ке има акцент на она што за вас е најважно во моментот.Може да се случи да стапите во брак, или да добиете дете или на друг начин ќе го зголемите кругот на семејството и да се збогатите за повеќе љубов.Отворање на сопствен бизнис би била одлична идеја,бидејќи ќе ви донесе повеќе финансии и просперитет.

Лав

Бидејќи овој транзит е во вашето 10 поле,тоа кажува слично како натално во десеттата куќа. Тоа може да биде и заштита од непријател,како и тие што не ве сакале да ве засакаат.Исто така служи како амајлија на сите ризични патишта,или ризични ситуации,или најдобро кажано Анѓел на рамото. Понекогаш е добро да се имаат периоди на разјаснувања бидејќи се добар почеток на нови случувања.

 Девица

Вие  сте скромни во желбите , реални во плановите и рационални во очекувањата. А Фортуната ве усмерува на големи желби, на се што би ве направило среќна личност. Она што од поодамна сте го посакувале,а сте се откажале поради некои околности, сега може повторно ќе ве заинтересира.Најголемата цел околу вашето образование, статус, работа или емотивен живот,може сега полесно ќе се оствари отколку претходно.

Вага

Десеттото поле е вашиот углед ,работа на која имате надредена функција,но и заработка од вашиот интелект во вид на книга, научни работи и проекти. Со Фортуната на ова поле,вие би требало да бидете многу активни по прашање на своите амбиции бидејќи не е време за одлагање и неодлучност.Ќе имате среќа со авторитативни луѓе односно оние кои можат да ви бидат одскочна даска во кариерата.

Шкорпија

Ако се двоумевте дали да одите во странство или не, или дали да ги завршите студиите кои ви се при крај и ви претставуваат оптеретување ,ова е вистинскиот момент, каков што можевте само да посакате. Истовремено може да ви ја зајакне духовноста, снагата волјата и автосугестијата. Сите необични учења, мудрости на древните народи можат да ви бидат извор на рамнотежа,а тоа е и среќа.

Стрелец

Вашите родители, блиски роднини и предци можат да ве усреќат со пари, наследство, или покажување внимание какво не сте очекувале.Можете да имате среќа и со работите поврзани со осигурување, доколку се занимавате со правни спорови поврзани со наследство на имот, или доколку очекувате наплата преку судски пресуди,како и обештетување за ваш претрпен проблем.

Јарец

Сте имале несогласувања и сомнежи околу бракот, и за лицето со кого имате долга врска. Фортуна сега можете да ви донесе среќа во форма на помирување со лицето со кое ги заладивте односите. Но и остварување на ново познанство кое ќе ве воодушеви со карактерот и истите погледи на сите важни работи во животот.

Ќе најдете сродна душа и ќе бидете среќни поради тоа.

Водолија

Со работата веќе оддамна не сте задоволни,но сега ве очекува среќа во вид на решавање на проблемите од материјална природа, добивање поголема заработка, подобра работа и договор на подолго време.Здравствените проблеми кои ви станаа хронични, сега може да бидат ублажени  со вашето подобро расположение, со пораст на оптимизмот и  со необични алтернтивни лекови.

Риби

За вас тоа е права среќа – среќа во љубовта, и во тоа баш уживате.Бидејќи се чувствувате добро. Вашите деца, ако припаѓате на генерација на луѓе кои имаат повозрасни деца, може да ве израдуваат со напредок на сите полиња. Ќе се вљубите, ќе ја разбудите љубовта или ќе бидете толку креативни што ќе имате инспирација за нови дела, начин и пристап кон уметноста, а дури и во обичната работа,можете да бидете уметник. Нови дела, начини и пристапи кон уметноста, па дури и во обичните бизниси, можете да се биде уметник .

Write A Comment