Терапијата со уметност е многу едноставна а ефективна кога треба да си ги смирите мислите и чувствата, само почнете да цртате или да боите нешто. Постојат одредени уметнички терапии кои влијаат на одредени емоции.

Обидете се!
Кога сте лути: Цртајте линии, заоблени, прави, било какви..
Кога сте уморни: Цртајте цветчиња. Тоа ќе му даде енергија на умот и ќе ви го разбистри мозокот.
Кога чувствувате емоционална болка: Составувајте нешто, на пример слагалица тоа ви помага да ги усмерите мислите некаде.
Кога ви е досадно: Бојте
Кога сте тажни: Обојте виножито

Кога сте исплашени: Плетете, ќе ве направи да се чувствувате сигурно.
Кога сте огорчени: Цртајте различни форми, модели и дизајни.
Кога сте вознемирени: Правете оригами.
Кога чувствувате носталгија: цртајте лаверинти
Кога сте разочарани: цртајте или копирајте некаков портрет

Кога сте очајни: цртајте пат
Кога ви е потребна сила: насликајте пејзаж
Ако не можете да дефинирате што чувствувате: нацртајте автопортрет
Ако сакате да го запаметите моментот: насликајте обоени дезени
Ако имате хаос во главата: цртајте квадрати или шестоаголници

Ако е потребно да направите добар избор: цртајте кругови
Ако треба да постигнете некоја цел: нацртајте ја целта
