After Midnight

Како да ја пребродите емотивната болка по прекинот на врската

Луѓето по крајот на врската се трудат целосно да го прекинат секој контакт со поранешниот партер и се обидуваат да не се чувствуваат депресивно или тажно. Излегуваат колку што е можно почесто за да не размислуваат за личноста која им значела.

Се тераат да тргнат понатаму без да разберат зошто се случило тоа што се случило и затоа се чувствуваат празно.

Денес ви претставуваме малку поинакви начини на кои можете да се носите со прекинот на врската и верувајте навистина помагаат.

1. Бидете блиски

Кога со некого сте подолго време тогаш станувате дел од него. Во енергетска смисла вашиот поранешен партнер и понатаму е дел од вас. Тоа што не сте повеќе заедно не значи дека треба да станете непријатели без разлика колку таа личност била лоша спрема вас или колку ве повредил (секако тука не мислиме ако ве повредил физички).

Понекогаш не е лошо од време на време да поразговарате по телефон или да размените неколку пораки или пак да се гушнете ако се видите.

2. Обидете се да сфатите кога точно нештата тргна на лошо

По прекинот на врската секогаш некој е повреден. Некој останува да мисли што и каде згрешил.

Затоа застанете и размислете кога нештата кренаа наопаку и поради што се случи тоа што се случи. Анализирајте ја врската.

Прашајте го партнерот зошто ги изгубил чувствата кон вас и кога. Бидејќи ако се чувствувате виновна тоа може да доведе до несигурност и создавање на ментални блокади кои подоцна ќе ви прават проблеми во идните врски.

Комуникацијата обезбедува разбирање кое ќе ви помогне полесно да зацели вашето скршено срце.

3. Простете си еден на друг

Тоа не е лесно и најчесто е потешко од самиот прекин на врската. Но сепак нема да имате мир додека не си простите.

Полошо нешто од скршено срце е бес и огорченост. Затоа простете од срце и продолжете понатаму.

Направете го тоа дури и ако на другата личност не и е жал, за да се откачите од негативноста од врската и засекогаш да ја закопате.

Напиши коментар