Free zone

Како да ја видите сопствената аура?

Секој може да ја види бојата на својата аура. Бара сосема малку трпение и упорност. А потоа без проблем ќе ја гледате и аурата на останатите. Но ајде прво да почнеме со вашата.

Застанете на неколку метри пред огледалото.

Најдобро е зад вас позадината да е бела.

Осветлувањето треба да не е премногу силно и не премногу слабо. Бојата на облеката не е важна.

Опуштете се, дишете длабоко и започнете нежно да се нишате лево-десно.

Фокусирајте го погледот (во огледалото) во белата позадина зад вас.

Побарајте ги контурите на главата и раменета и ќе видите светлина околу нив, која ќе се поместува со вас кога ќе се занишате лево и десно.

Дури и да не добиете од прв пат, обидете се повторно. Сигурно ќе успеете да ја видите бојата на својата аура. А откако тоа ќе се случи, можете да го дознаете значењето на таа боја. Прочитајте во продолжение.

Виолетова – зборува за достигнувањата во духовната област, врската со божественото, космичкото сознание.

Сина – длабока мудрост, инспирација! Темно сината зборува за мрачни мисли, светло сината за моќен ум, интелект, логично размислување, силна интуиција.

Зелена – спокојство, хармонија, способност да лекува. Светло зелената боја покажува адаптибилност, флексибилност. Темните нијанси укажуваат нечесност, љубомора.

Жолта – љубов и добрина, сочувство, оптимизам, но кога жолтата е во светли нијанси. Темните нијанси укажуваат сомневање и завист или алчност.

Портокалова – енергија и здравје, физичка издржливост. Прамногу изразена портокалова е знак за големо его. Темни или матни нијанси покажуваат ниска интелигенција.

Црвена – физичка виталност, енергија, амбиција, сексуална моќ. Темно црвената е знак за многу силни страсти и избувливост.

Розова – несебична љубов, нежност, смиреност.

Кафена – категоричен знак за себичност.

Залатна – личност на многу високо ниво!

Сребрена – флексибилност, постојани промени, енергичност.

Сива – депресија, страв.

Црна – лоши мисли, злоба, зла намера.

Write A Comment