After Midnight

Како повторно да ја освоите изгубената љубов?

Вашата врска со саканата личност завршила, а сега ја сакате таа личност назад? Можеби ќе ви помогнат советите што следат.

Ако неодамна раскинавте, оставете го на мир

Во случај да сте прекинале пред некоја недела или ден, оставете го бившиот партнер целосно на мир. Заседите, опсипувањето со пораки и телефонски повици нема да биде делотворно. Со тоа може да постигнете да почне да ве избегнува и да ве замрази. Многу е важно да знаете со каков човек имате работа. Доколку се работи за некој кому вашето отсуство и не јавување би му дало до знаење дека не ви недостига и дека не ви е грижа, таквото игнорирање во тој случај не е најпаметно.

Зошто повторно сакате да бидете со бившиот?

Пред да посакате повторно да бидете со бившиот, прво размислете зошто сте раскинале и зошто сакате повторно да бидете со него. Затоа што навистина го сакате или само поради фактот дека повеќе го немате? Или едноставно не сакате да бидете сами? Дали сте прекинале затоа што многу сте се карале, затоа што врската ви носела тага и лоши чувства? Потоа, два пати размислете дали тоа вреди. За повторен почеток мора да имате вистински причини.

Повторно станете личноста во која се заљубил/а

Не заборавајте дека вашиот бивш партнер се заљубил во вас затоа што во вашето присуство се чувствувал добро и сте ги задоволувале сите негови емоционални потреби. Размислете дали со текот на времето сте се промениле и обидете се да ги промените своите лоши навики. Бидете насмеани и опкружете се со многу пријатели. Ако сакате својот бивш партнер повторно да го освоите, ќе ви биде потребна многу позитивна енергија.

Внимателно одберете ги зборовите

Никогаш не се обидувајте да го вратите бившиот партнер со плачење и досаѓање. Тоа нема да ве доведе никаде, туку само ќе ја оддалечи другата личност од вас. Многу е важно какви зборови ќе изберете по повторниот контакт со бившиот. Разговарајте како да разговарате со пријатели. Не обвинувајте и не навредувајте доколку целта ви е помирување.

Останете во контакт

Пред да ги избришете сите мејлови, смс-пораки и телефонски бореви на партнерот, размислете дали поради тоа би можеле да се каете во иднина. Кога болката и тагата поради раскинувањето ќе поминат, дали поради тоа ќе ви биде жал во иднина? Кога ќе помине доволно време секогаш останува доволно простор за пријателска средба на пијалок или за разговор.

Грижете се за својот изглед

Доколку забележите дека од крајот на врската малку сте се запуштиле, веднаш превземете нешто околу тоа. Така нема добро да се чувствувате во својата кожа, што сигурно ќе го забележи и вашиот бивш партнер.

Пред било каква акција, прифатете го крајот на врската

Се додека се противите на неговата одлука за крај на врската, нема да го постигнете посакуваниот резултат. Затоа е важно пред било каков потег да го прифатите крајот на врската и дека вашиот партнер имал причина за тоа. Се додека мислите дека партнерот е засекогаш ваш, не можете успешно да работите на повторно освојување.

И конечно – нека тој/таа дојде кај вас

Никогаш не очајувајте за бившиот партнер. Нека тој дојде кај вас. Вашата работа е само да ги почитувате горе наведените совети и повторно да се покажете во најдобро светло, а потоа пуштете се да оди по својот пат. Самосвесните луѓе привлекуваат други. Меѓу нив ќе биде и бившиот партнер.

Напиши коментар