Ниту еден почеток на врска не е лесен. Но тоа не значи дека треба да се претвораме во нешто што не сме, а сепак од некои работи мора да се воздржиме за тој да не побегне од нас пред да има можност вистински да не запознае.
Еве на што треба да внимаваме:
Не се оптеретувајте со тоа веднаш да ја дефинирате вашата врска…
Ако се уште не сте на чисто дали тој ви е дечко, пријател или нешто трето, нема потреба да се замарате како ќе го наречете, ниту да брзате да го дефинирате односот.
Избегнувајте го стресот со запознавање на родителите…
Почетокот на врската не е време кога треба да се запознаваме со родителите. Но ако од некоја причина морате да се запознаете со неговите родители или него да им го претставите на вашите, направете го тоа на некој неформален начин за притисокот да се намали.
Нема потреба од брзање…
Во новата врска често знаеме пребрзо да отидеме во фазата на “меден месец“. Но така пребрзо може да исчезне целата мистеријата што може да доведе до брз крај на врската.
Важно е да не почнете да се гушите еден со друг.
Научете како да го распоредите времето…
Правилото е 50-30-20. Немојте да поминувате повеќе од 50% од слободното време со новиот дечко. 30% од времето посветете им го на пријателите, семејството и за сите оние со кои обично се гледате, а 20% оставете за себе.
Не се расправајте преку СМС…
СМС-от е одличен ако сакате некого да го поздравите, да договорите состанок или нешто слично, но ако ви е потребен сериозен разговор, тогаш држете се до телефонски разговор или подобро разговор во четири очи.
Ако не сте подготвена очи во очи да се носите со проблемите тогаш сте со погрешна личност или пак не сте за сериозна врска.
Остани своја…
Немој да ги поништуваш своите уверувања, ставови и вредности само затоа што тој размислува поинаку. Компромис е неопходен, но ако претерано се откажувате од се што ви е важно се ставате во лоша положба и ќе ја загубите неговата почит.
Не го споредувај со поранешните…
Тоа не треба да ви падне на памет, па дури ни ако сакате да му кажете дека е подобар од нив.
Поставете граници…
Јавното покажување на љубов варира од личност до личност, но сосема е во ред да разговарате за тоа и да поставите правила. Ако не ви е пријатно некои работи да ги правите во јавност, немојте да ги правите само за да му удоволите.
Продолжете да бидете среќна и независна жена…
Немојте премногу да се потпирате на него. Немојте да дозволите од него да зависи целото расположение.
Не е финтата да бидете со него само затоа што без него не можете, туку затоа што знаете дека можете, но со него ви е поубаво.
