Free zone

Како во три чекори да откриете лажго: После ова никој не ќе може да ве измами!

Најлошиот тип на луѓе се оние кои ве лажат, а ве гледаат во очи. Со помош на овие три чекори можете многу лесно да ги разоткриете таквите.

Едно истражување покажало дека возрасните лажат од 10 дури до 200 пати на ден. Иако сите подлажуваме, лагата за нашиот мозок е нешто неприродно и затоа нашето тело реагира на необичен начин. И додека првите знаци за нечесност и измама може да се прочитаат од невербалната комуникација, или јазикот на телото, постои уште една шема која го опишува лажгото, а се крие во зборовите, односно речениците што ги изговара. Станува збор за таканаречен јазик на кој говорат лажговците. Донесуваме 3 најчести формулации на реченици со чија помош може да го препознаете „лажгото“.

1. Лажгото најчесто се исфрла себе си од речениците

Ако сакате да бидете сигурни дека некој ви ги „мачка очите“, фатете го неподготвен и поставете му директно прашање. Првата реакција на човек кој се обидува да ја скрие вистината е таа што ќе ви одговори така што самиот себе сосема ќе се исфрли од контекстот на одговорот.

Еден пример за вистина и лага: Ако поставите прашање за тоа кој го возел автомобилот, искрен одговор би гласел, „Јас не сум го возел автомобилот”, додека лажгото ќе промрмори нешто како „никој не го возел автомобилот“ или „не знам дали некој го возел автомобилот“ и така себе си целосно ќе се исфрли од контекстот. Станува збор за рефлексна реакција со која лицето кое лаже сака максимално да се оддалечи од лагата.

2. Лажговците сакаат да користат негативен контекст
Иако некои се многу вешти во лажењето, природната реакција на телото на лага е нелагодност и нервоза која може да се види во однесувањето, но и во говорот. Лицата кои се обидуваат да прикријат лага често во речениците вметнуваат негативни зборови коишто симболизираат лутина во однос на некоја ситуација.

Пример за вистина и лага:

Ако некој ви рече: „Извини, не одговорив на пораката, бидејќи батеријата на телефонот се испразни”, тоа може да значи дека ви ја кажал вистината. Но, ако реченицата содржи многу негативни зборови, како: „Ма не се јавив, бидејќи глупавиот телефон пак ми се исклучил. Го мразам!”, тоа покажува дека личноста се обидува да се извлече со лаги.

3. Лажговците трупаат зборови

Со цел да се извлечат од негативни ситуации, луѓето кои лажат максимално ќе се потрудат во нивните извинување никогаш да не се посомневаат. Токму поради тоа лажговците сакаат да подготват сочен и детален одговор. Но, не се ниту свесни дека токму овие детали може да откријат сочна лага. Имено, луѓето кои се обидуваат „жедни да ве пренесат преку вода“, во објаснувањето ќе вклучат голем број детали кои ја опишуваат ситуацијата, а кои, всушност, нема голема врска со самата сторија која што ви ја кажуваат.

Пример за вистина и лага:

Некој кој доцни поради сообраќајниот метеж, ќе каже, „Извини што доцнам, во градот имаше голема гужва“, додека лажгото ќе се обиде да состави некоја приказна како оваа: „Извини, ама денес ми е ужасен ден. Се пробивам од центарот речиси еден час. Прво, една сообраќајка, а потоа некој лудак се паркирал на сред улица…“.

Иако понекогаш на секој од нас може да му случи таков „луд“ ден, кај лажгото ’таквиот ден’ се повторува многу често, односно секој пат кога се обидува да се извлече.

Напиши коментар