Free zone

Каков или каква е кога ќе ве освои, хороскопот ви открива

Овнот брзо ќе ви се пикне под кожа и како вистински заводник, инетерсно му е само неосвоивото. Жената Лав ве заведува, иако мислевте дека вие како машко неа сте ја освоиле; мажот Водолија, голем манипулатор, знае да ја задржи жената која ја сака.

 

ОВЕН

Тој – Кога ќе премине од зборови на дела, вие веќе сте „обарени и реш печени“. Додека се свртите, тој е веќе во секоја ваша мисла, секој момент, ден и месец. Ако тој број на месеци воопшто достигне двоцифрена бројка, сметајте дека сте го задржале Овнот, бидејќи ако не е така, тој е во ној освојувачки поход, затоа што на него му е интересно само неосвоивото. Се додека му се провлекувате и мистериозно се смешкате, радозналиот Овен ќе трча по вас.

Таа – Таа нема да губи време со вас, доколку сфати дека не сте нејзин „калибар“. Но ако сте, спремете се да и бидете на располагање во секој дел од денот и ноќта, бидејќи „таа“ знае се да осмисли од доручек во кревет до романтичен викенд на море. А при тоа не сака да чека ниту минута, бидејќи не и паѓа на памет да губи време со вас, ако не сте доволно мажествени, одлучни, шармантни и галантни. Па сега вие видете…

 

БИК

Тој – Кога сите мажи би биле како Биковите, жените не би имале проблем во љубовта. Без разлика колку долго да ве освојувал, нема толку лесно да ве пушти кога еднаш ќе станете негова. И само негова! Подобро да не размислувате за краткорочни решенија во вид на флерт со некој друг, ако моментално ве изнервира неговата тврдоглавост: ќе се соочите со навала од бес рамна со вулканска ерупција, доколку му е грижа за вас.

Таа – Кога ќе сфати дека вие сте човекот на нејзиниот живот, ќе ја употреби сета своја женственост која ја има на располагање за да ве задржи: заводлив изглед, ненадминливо кулинарско познавање и дамско однесување на кое би и завиделе претставничките на сите останати хороскопски знаци. Сексипилност, животна радост и поглед кој на сопарничките им дава до знаење дека вие сте само „нејзин и Божји“, поголемиот дел од мажите ги задржува долго или засекогаш покрај жената Бик.

 

БЛИЗНАЦИ

Тој – Тој знае дека ве освоил, тоа не му е некој прблем кога мажот „Близнаци„ јасно е дека во секое друштво е најзабавен, најшармантен и најснаодлив. Но, што понатаму, кога тој мора да се дружи, информира, патува, флертува и – бега. Ако имате доволно доверба во него, разбирање за неговите потреби за посојано усовршување на сите животни полиња, ќе ви ги симне ѕвездите од небото. И повеќе од тоа, ќе ве запроси преку мобилен телефон!

Таа – Кога ја добила својата играчка, трофеј, како и да ве нарекува во нејзината фантазија (додека не ве освоила), жената „Близнаци„ ќе продолжи и понатаму да си игра со вас. Нема шанси покрај неа да ви биде досадно ниту во еден момент: ќе имате лична готвачка (брза храна секое време на денот и ноќта), личен возач (до било која точка на земјината топка) и вечно девојче покрај себе на чиј младолик и манекенски изглед ќе ви завидуваат најголемиот дел од љубоморен машки свет.

 

РАК

Тој – Колку што бил упорен да ве заведе и освои, толку мажот Рак ќе се заинати и да ве задржи. И после бројните раскинувања, смирувања и ветувањадека се ќе почне од почеток, тој ќе продолжи по свое: незадоволен со статусот, менување на работни места, караници со шефовите и ќе ве нервира што е таков инаетчија. И така се додека не ве обезбеди вас и вашата фамилија онака како што тој замислил: во голема куќа со куќни миленичиња во дворот во кој ќе си играат вашите деца, а комшиите ќе свраќаат на кафе и „чашка разговор“.

Таа – Со денови, месеци и години, таа ќе биде спремна да ве гледа, да ве заведува и да ве освојува. Кога на крајот ќе успее во тоа, ќе се потруди никогаш да не ви ускрати вкусен ручек, излегување во кафана со пријателите и – себе си во топла постела. Ќе ве пушти да живеете во заблуда дека можете да правите се што сакате, со кој сакате и кога на вас ќе ви падне на памет, а кога еднаш премногу ќе се опуштите, се ќе им раскаже на децата, или на вашата мајка, сестра, тетка или не дај Боже баба ви… а тогаш ниту едно море не ќе може да ве испере.

 

ЛАВ

Тој – Ништо не е неосвоиво за тој галантен шармер кој ќе потроши цела плата на 101 ружа само за вас (плус шампањ, бомбоњера и парфем за кој точно знае дека е вашиот омилен).Бидејќи неможевте да му одолеете, тој во друштво секогаш ќе ве третира како кралица, додека по дома ќе очекува вие да му удоволувате.Што побрзо тоа го сватите, полесно ќе ви биде да го делите животот со маж Лав кој за вас ќе биде спремен во сред ноќ да седне во автомобил, воз или авион, за да како прав витез стигне до вас.

Таа – Ако живеете во заблуда дека сте ја освоиле, тогаш време е да се освестит на време: вие бевте нејзината цел, желба и потреба и не се смирила додека не ја ја извојувала победата – да ве има. А кога еднаш веќе ќе ве добие, жената Лав ќе направи се за да ве задржи: ќе стане зависна од вас (а вие среќни дека сте овде да и се најдете кога сте и потребни), а вие (и понатаму среќни) ќе морате да ги слушате нејзините желби, пофалби и наредби кои од нејзините усни ќе звучат неодоливо и безусловно.

 

ДЕВИЦА

Тој – Бидејќи ве заведуваше со сето свое познавање од многу научни области и секојдневниот живот, мажот Девица ќе бира вистински момент да тргне во акција. И кога сте помислиле дека избрал, тој поради срамежливост и практичност ќе ја промени тактиката. Ниту во моментите на најголем занос, тој нема да престане да ви раскажува или шепоти на увото сето она што ниту на сон не сте сонувале дека ќе го слушнете од него, така да вие малку по малку ќе почнете да го поттикнувате. А тоа на него веќе и не му е потребно!

Таа – Сета нејзина воздржаност и срамежливост, наведнување на погледот и чистината на изразот со кој зрачи, стануваат помалку важни атрибути кога ќе свати дека сте станале нејзин. Покрај неа ќе имате се што ви е потребно, од најеротичната љубовница до најпожртвуваната негувателка, но и вие ќе мора да ги почитувате нејзините правила: ќе ја слушате кога ќе осети потреба да ви се пожали, ќе ја снабдувате со домашни намирници шест месеци однапред и – ќе го бришете купатилото после секое туширање.

 

ВАГА

Тој – Лесно му е додека ви се додворува, ви ја бакнува раката, флертува, носи цвеќе и бомбоњери и ви ги поклонува омилените парфеми. И сето тоа се звуци на медитерански евергрини во романтичен амбиент на некој ресторан. Само кога така би можело да трае цел живот со вас, тој би бил најсреќниот човек на светот, бидејќи кога веќе ќе дојде до секс, мажот Вага постепено го губи интересирањето (толку е заморно и преубаво во однос на моментите на секогаш нов сјај во вашите очи кога ве „обработува“ со поклон). Затоа тој ќе се труди да барем на патувањата или излетите, го оживее чуството како кога прв пат ви се додворувал.

Таа – Не поднесува да ја запоставите ниту на еден момент, кога веќе ви го поклонила своето срце на дланка. Врската со неа е многу едноставна за одржување, колку и размазено да изгледа Вагата: поделете и комплименти кога ќе дојде од фризер или маникир, секојдневно изговарајте ги двете магични зборчиња „те сакам“ (може и по пат на смс, посебно ако сте некаде на пат) и жената Вага ќе ви јаде од раце. Но ако осети дека „гледате низ неа“ додека мислите ви летаат, многу брзо ќе побара утеха кај друг маж.

 

ШКОРПИЈА

Тој – И се да пробате да му влезете во трага, кога веќе ве освоил, нема да успеете. Ќе губите време, нерви и самодоверба размислувајќи каде се крие тој вечен заводник, додека мажот Шкорпија таинствено ќе ви се прикраде од зад грб и ќе ве „обори од нога“ со еден допир и поглед. Никогаш нема да дозволи ни премногу да се оддалечите во вашето барање за тоа каде тој се движи, бидејќи веднаш ќе се најдете во неговата сигурна прегратка на која нема да успеете да и одолеете.

Таа – Се или ништо, нејзината девиза за се во животот, а посебно за љубовта.Ако ве избрала да бидете нејзин човек, тогаш тоа морате сериозно да го сфатите затоа што немате друг избор. Жената Шкорпија ќе ви ги постави највисоките можни стандарди, па ќе морате измеѓу трката за заработка и нејзиниот кревет, да ги изгубите конците и да се најдете во мрежата на Шкорпијата. А таа всушност тоа и го чека: засекогаш со неа или никогаш повеќе. Но ако жената Шкорпија ве посакува, спремна е и на уцени, само за да останете со неа.

 

СТРЕЛЕЦ

Тој – Каква разлика помеѓу оној лежерен заводник кој ве шармира со својата насмевка уште на првата средба и оној лицемер кој постојано прати што комшиите раскажуваат за вас (додека тој и понатаму ги докажува своите освојувачки способности на сите помлади партнерки). Но, доколку се одлучите за мажот Стрелец, тогаш бидете и спремни само на неговите очи и уши, а никако на своите. Тој навистина ќе се потруди на вас ништо да не ви недостасува, освен самиот тој и тоа многу често, а комшиите ќе можат само да ви завидуваат.

Таа – Како што беше директна додека ве заведуваше и освојуваше, жената Стрелец е многу отворена во своите барања, желби и потреби во секој ден од заедничкиот живот со вас. Бидејќи вас ве избрала како редок вид на маж на кој безрезервно ќе се посвети (без разлика дали се работи за вашиот омилен специјалитет или желбата да го посетите Дизниленд), жената Стрелец нема да дозволи да биде незадоволна. Ако осети дека постои проблем, ќе поразговара искрено со вас за истиот жар, без разлика дали се работи за вашиот сексуален живот, обврски према децата или грижата за вашето здравје.

 

ЈАРЕЦ

Тој – Е тој веќе ќе ве изненади, без разлика колку смотрано или срамежливо и да делува тој практичен, воздржан маж на кој сте му го поклониле своето срце. Како и своите пријатели и тој ќе ве носи секаде каде и тој ќе оди, без разлика дали тоа вам ви се допаѓа или не. Всушност, нема да има причина ниту за вашето незадоволство, затоа што мажот Јарец никогаш нема да дозволи покрај него да ви фали ниту влакно од главата: ќе ве чува, пази, мази до таа мерка што секој пат се повеќе ќе сакате еднаш засекогаш да останете во неговата силна прегратка.

Таа – Кој и да го посака, таа го добива: а кога ќе станете нејзин избор, обично на подолго време или за цел живот, нема да ви биде лесно да ги задоволите сите барања на жената Јарец. Доколку истовремено можете да бидете имагинативен љубовник, пожртвуван татко, добар домаќин, и над сето тоа постојана движечка сила во сите нејзини амбициозни планови – тогаш сте го положиле испитот кај жената Јарец. За возврат таа нема да престане да ве фали, а повремено и да биде горда на вас на нејзин одмерен начин, со восхит кој нема да може да го сокрие.

 

ВОДОЛИЈА

Тој – На него се му тргнува од рака од моментот кога ќе ве освои, бидејќи мажот Водолија умее да ја задржи жената која му значи. Само му треба малку време да процени која тактика на вас ќе ја примени, затоа што е ненадминат манипулатор. Токму кога ќе се решите да се налутите на него, тој вас ќе ве разоружа со повик за заминување на патување на некој грчки остров за кој сте сонувале, нов автомобил створен за вас или водење љубов на некое сосема „откачено“ место. Иако ноншалантно ја крие својата посесивност и љубомора, никогаш нема да ве доведе во непријатна ситуација, макар и да се посомнева во вас.

Таа – Нема нешто што таа нема да направи за да ве задржи, кога веќе еднаш ве освоила: ќе изгледа секогаш атрактивно во својата „етикетирана“ гардероба, ќе стане најдобра другарка на девојката која сте се обидувале да и се додворите пред нејзини очи, ќе ги прераскажува доживувањата од вашите заеднички патувања во кои таа е главната ѕвезда, додека вие восхитено ќе уживате во нејзините приказни и мирисот на нејзиниот најнов парфем кој вие и го купивте. Тоа што никој од неа нема да дојде до збор бидејќи попаметна од неа нема, нема да ви смета се додека имате доволно силни нерви и доволно дебел паричник.

 

РИБИ

Тој – Колку и (не)спретно да ве завел и на крајот освоил, нема да успеете така лесно да му се извлечете кога веќе еднаш ќе западнете во мрежата на мажот Риба.  Иако нервите му се силна страна, тој во домот ќе биде со вас, ќе биде најстрплив и најуслужлив маж на светот: доручекот ќе ви го носи во кревет ( со роза меѓу заби),ќе спрема и послужува кафе на тераса додека вие опуштено разговарате со гостите и вие ќе бидете убедени дека тој е само ваш. Се додека не излезе од куќата… а тогаш, отворете четири очи!

Таа – Сите вештини на заведување, освојување и задржување на мажот кој и значи, за жената Риба се речиси вродени. Според неа, во љубовта се е дозволено, па затоа нема да се стеснува да примени ниту од еден начин, метод или тактика за да ве задржи: еротичноста зрачи од неа дури и кога сецка зеленчук за вашата омилена салата, а нејзиниот поглед ветува најволшебно уживање со вас, штом падне мрак… А кога ќе завладее ноќта, и таа ќе завладее со вас, и со сите ваши сетила.

Напиши коментар