Градите се прилично интересна тема за дискусија – истовремено се функционални и атрактивни за спротивниот пол, навидум се слични, но всушност се многу различни помеѓу жените. Можеби досега ги делевте градите на големи и мали, но всушност постои подобра класификација. Според формата на градите, наводно постојат седум категории. До вакво сознание доѓла компанијата за долна облека Third Love, преку споведување на опсежни истражувања, со цел да им ги подобри своите производи според потребите на клиентките. Па погледнете каде припаѓате, а можеби ова ќе ви помогне и при купувањето градник.
Кружни
Ако вашите гради се подеднакво полни и во горниот, и во долниот дел, тогаш имате кружни гради. На жените со овој тип на гради не им требаат градници со потполнки, затоа што не им е потребен градник за да им даде поубава форма на градите – природата веќе го направила тоа за нив.
Исток и запад
Дали вашите брадавици се насочени кон спротивни страни? Ако одговорот е да, веројатно припаѓате во оваа категорија. Дури и ако вашите брадавици не се насочени како спротивните страни на компасот, но ако градите ви се оддалечуваат од центарот на вашиот граден кош, тогаш исто така припаѓате во оваа категорија. Препорачливо е да носите нормален градник со две прерамки и благи потполнки, за да ви ја израмни формата на градите и правилно да ги насочи.
Странични
Ако има широк простор помеѓу вашите гради, тогаш дефинитивно припаѓате во оваа категорија. Овие гради се пополни од претходните „исток и запад“, и најмногу ви одговараат длабоки градници кои ќе ги подигнат и привлечат вашите гради.
Форма на солза
Градите во форма на солза изгледаат точно како и што звучат. Ако имате кружни гради кои се малку помали во горниот дел, тогаш припаѓате во оваа категорија. Ако сте тука, имате среќа – вам ви одговараат скоро сите видови на градници.
Слабички
Овие гради се послаби во горниот дел, пополни во долниот, и подолго отколку што се широки. Дали некој се пронајде? Дополнителен доказ дека имате вакви гради е и тоа што веројатно носите помал број на градник. За овој вид гради, решението е подлабок градник со потполнки, за да ги зголемите и подигнете.
Асиметрични
Можеби за некои звучи чудно, но повеќето од жените имаат различни гради во облик или форма. Но, ако едната града ви е забележливо поголема од другата, ова е категоријата во која припаѓате. Ако разликата во градите не ви е толку драстична за да носите градници по мерка, доволно е да носите градник со потполнки кои се вадат, и да ја извадите едната потполнка.
Во форма на ѕвоно
Градите во форма на ѕвоно се многу слични на слабите гради, но се поголеми. Затоа, кога ќе купувате градник, не заборавајте на поддршката и избегнувајте градници со плитки корпи, затоа што градите ќе ви се „прелеваат“ од сите можни агли.