Free zone

КАКВА МАЈКА СТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: Девиците премногу се грижат, Водолиите се креативни, Шкорпиите…

Колку пати сте помислиле, особено во моментите кога вашата мајка ве извадила од такт, дека никогаш нема да бидете таква мајка!

Па, не е сè е до вас, има нешто и во ѕвездите. Тие велат дека постојат одредени правила кои ги одредуваат квалитетите на секоја жена за тоа каква мајка ќе стане според хороскопскиот знак. Пронајдете се себе си.

ОВЕН

Предности: силна, самосвесни, бестрашна

Слабости: премногу натпреварувачки настроена, разјарена, опсесивна

Мама Овен е вистинска воинка, па на сè во животот пристапува како да трга во битка. Секогаш се снаоѓате, со верба во себе, а единствен шок може да биде тој што сега едно малечко суштество зависи целосно од вас. Инаку, секогаш прво мислите за себе, па затоа сега треба малку прилагодување бидејќи бебето е, сепак, тука.

БИК

Предности: рационална, вредна
Недостатоци: материјалистка, често менува расположение, суетна

Мама Бик е создадена и за работа и за задоволство. Прво се грижи и прави сè да биде во ред, а потоа следи забава. Вие сте традиционалистка, но и авантуристка, па можете детето да го терате да учи и во недела, но и да му дадете да вози мотор на само 12 години. Се трудите да им бидете најдобар пријател на децата. И сè додека тие не ве посрамотат, нема никакви проблеми.

 

БЛИЗНАЦИ

Предности: љубопитна, младешки дух, креативна, подготвена на сè
Недостатоци: недоследна, контрадикторна, нетрпелива, сака да умува

Можеби е постојано неизвесно, но никогаш не е здодевно со Мама Близнак. Домашните секогаш се прашуваат што ви е на ум и сè е можно со вас. Може да одлучите, на пример, дека одењет на брод е совршена можност токму таму да се подига бебето во првите месеци. Вашиот мозок секогаш ви работи, па вие сте, всушност, најексцентрична мајка од сите хороскопски знаци.

РАК

Предности: емотивна, предадена на обврските
Недостатоци: претерано заштитнички настроена, променливи расположенија, љубоморна, плашлива

Вие сте вистинска мајка! Тоа ви е во крвта уште од малечка, кога сте се грижеле за куклите како да се бебиња. За вас породувањето дома и што е можно подолго доење се вистинските работи. Семејството ви е сè на светот и обично градите длабока поврзаност со децата за цел живот. Сепак, понекогаш може да бидете сноб, но штом еднаш ќе пуштите некој во вашиот живот, тоа е засекогаш.

ЛАВ

Предности: роден лидер, креативна, самоуверена
Недостатоци: нарцисоидна, премногу енергична, кралица на драми

Мајките Лавици секогаш се забележителни, каде и да се, а на мајчинството се предаваат целосно. Се трудите да бидете секогаш тука за вашето дете, од него да создадете соодветна личност за пример, која ќе прави големи нешта. Понекогаш може да имате големи очекувања од своите деца, па може да ги преоптоварите. Ништо не може да ви застане на пат кога нешто ќе решите, а особено сакате да ги размазите децата со прекрасен подарок, бидејќи тие се ваша гордост и радост.

ДЕВИЦА

Предности: организирана, здраворазумско размислување, интелигентна
Слабости: сака да осудува, многу се грижи, премногу анализира

Мајките Девици се мешавина од спротивности. Некои мајки во родителството пливаат како риба во вода, а некои, сепак, мора да се прилагодат и да се снајдат. И покрај вашата преоптовареност, бидејќи секогаш премногу размислувате и сакате сè да е во совршен ред, некогаш сепак умеете и да се опуштите. Пазете да не отидете премногу далеку, затоа што колку и да фантазирате и сакате сè да биде совршено, вистинските мајки се, сепак, се само жени од крв и месо, од оваа планета.

ВАГА

Предности: трпелива, фер
Недостатоци: недоследна, суетна, сноб

Ако се остварите како мајка, ќе ја најдете онаа рамнотежа во животот за која толку многу трагате. Тогаш сè добива смисла, а вие ќе го добиете вистинскиот фокус. Длабоко во душата, вие сте најсреќна кога имате за кого да живеете, а за тоа се децата. Уживате во сите волшепства кои мајчинството ги носи со себе, да си играте со децата и да го користите секој момент од нивното растење. Имате трпение да им објасните зошто небото е сино и каде точно отишла златната рипка од аквариумот откако умрела. Внивамајте главна цел да не ви стане да ги покажувате децата на другите. Сепак, тие не се експонати, а здрава дистанца меѓу родителите и децата не е на одмет.

ШКОРПИЈА

Предности: силна, интуитивна
Недостатоци: премногу контролира, параноична, емоционално нестабилна

Кога мама-Шкорпијата е расположена, сè е супер, кога не е, сите бегаат од неа, дури и децата. Многу заштитнички сте настроена кон нив и брзо се прилагодувате на новата улога како мајка. И покрај тоа што може да бидете злобни кон остатокот од светот, крај детето просто се топите. Ќе дадете сè од себе за вашето дете да има сигурна иднина, така што умеете да одвоите пари за нивните студии уште и пред да се родат. Животот со мама-Шкорпија може да биде исцрпувачка партија шах, но кралицата е, сепак, најсилна фигура. А во мајчинството од непроценлива помош ви е интуицијата на која секогаш се потпирате.

СТРЕЛЕЦ

Предности: авантуристка, мудра, духовита
Недостатоци: рамнодушна, крута, неорганизирана

Живеете за тој момент и мајчинството е вистинска авантура за вас. Иако држите до својата слобода, ова може да биде шок за вас. Вие да бидете нечиј авторитет? Се чини невозможно. Приоритет треба да дадете на потребите на други и да се прилагодите на новата ситуација. Бидете внимателни, бидејќи сте брзоплети, а во мајчинството не би требало така. Затоа вашата спонтаност е супер, бидејќи сте во можност да ги ставите децата во автомобил и да тргнете некаде без план. Точно е дека слободата е ваше средно име, ама важно е да ги вклучите децата во речиси сè што правите, бидејќи тие, сепак, само сакаат да бидат со мама.

ЈАРЕЦ

Предности: организирана, цени традиционални вредности, доследна, трпелива, промислена
Недостатоци: нервозна, премногу се грижи, песимист, сомничава

Понекогаш се чини дека вие сте повеќе тато отколку мама, па дури и двата родители одеднаш. Не дека немате женствена страна, ама редот и дисциплината ви се во крвта. Држите до тоа дека децата треба да ги научите сè што треба да знаат. Сакате блискост со нив, но не и да сте им најдобра пријателка. Не покажувате емоции преку нежност, туку преку дејствување. Вие сте силата што влече сè и која сè држи на рамениците за да се грижите за децата. Сепак, понекогаш малку забавите.

ВОДОЛИЈА

Предности: дружељубива, весел дух, креативна
Недостатоци: ограничена, отуѓена

За вас не важат никакви правила. Најдобро ви е во вашиот креативен хаос и со вас никогаш не е досадно. На животот гледате како на голема авантура и сакате вашите деца да ја доживеат магијата на ова патување. „Очекувајте го неочекуваното“ е она што најдобро ве опишува. Не се врзувате премногу, па поврзаноста со детето е крајно зачудувачки за вас. Често кај вас е сè топло-ладно, но сепак со мајчинството откривате нов, неверојатно убав свет, којшто конечно ве вкоренува. Осигурајте се дека сепак ќе го задржите вашето „јас“ и после породувањето. Правете го сето она што сте го правеле и пред да станете мајка.

РИБИ

Предности: посветени, грижливи, креативни
Недостатоци: манипулативни, непостојани

Духовни, емотивни и мудри – знаете да се гледате себе си како божица. Но, затоа сте секогаш тука за децата и секогаш подготвени за авантура – непланирано патување, шетање… Сепак, умеете да бидете непостојани, понекогаш и да ги избрукате децата кога ќе пораснат со несоодветни постапки. Бидејќи мразите некој да ви диктира кога и што да правите, може да имате проблеми со хранење и заспивање на бебето. Најдобро е тогаш да имате нечија помош. Вашето дете секогаш ќе знае дека сте нагова најголема поддршка и дека сè ќе дадете за неговата среќа. Дефинитивно ќе биде мазено и пазено – од вас, се разбира. Вие сте мама, најдобрата пријателка, советник, и сè правите со неверојатна леснотија.

 

Напиши коментар