Кание Вест со својата турнеја Saint Pablo во понеделникот стигна во Њујорк каде го дочекаа неговата сопруга Ким Кардашијан и малата Норт Вест кои изгледаа неверојатно слатко во исти модни креации.

Ким и Норт заблескаа во исти сребрени фустани со што веднаш го привлекоа вниманието на фотографите и обожавателите. Тие поминаа фатени за рака, а единствената разлика во нивните креации беше тоа што Ким носеше проѕирни штикли од брендот Yeezy, додека пак Норт лесно чекореше во патики.



Ким на Снепчет го документираше секој момент од шоуто, верувајќи дека тоа е еден од првите важни настапи на кои присуствува и Норт. На малата Норт изгледа настапот не и беше многу важен. Поважно беше црвеното лижавче кое не го испушти од рака. По завршување на шоуто, Ким и Норт набрзина излегоа од задната врата каде Ким имаше и време да се слика со нејзиниот идол Сара Џесика Паркер.


