Сексолозите со своите современи истражувања почнаа да ве убедуваат дека постои голема зависност меѓу карактерот и изгледот на личноста и нејзините сексуални апетити.
Степенот на емоционалност и психичка стабилност е пресуден за сексуалните желби на личноста, а ова особено важи за претставничките на понежниот пол.
Кај мажите степенот на емоционална зрелост не влијае на сексуалните искуства и бројот на партнерките.
Исто така, сексуалноста се поттикнува од низа надворешни особини кои можат да бидат силен афродизијак. На пример, мажите велат дека русокосите или црвенокосите зрачат со некаква необјаснива и жешка сексуална енергија
Еве кои жени се одвојуваат од останатите, по својата желба за почест и повозбудлив секс.
Емотивните жени обожаваат да водат љубов
Емоционалноста и сентименталноста ги води жените кон поактивен и побогат сексуален живот. Притоа, за да додадат чувствителност и возбуда на целиот чин, тие се одлучуваат тоа да го прават без заштита.
Исто така, тие почесто ги менуваат партнерите и почесто доживуваат оргазам и тоа во исто време со партнерот. Нивното мото гласи дека сексот е потреба која може набрзина да се задоволи, а на водењето љубов треба да се препуштите со уживање.
Жените со облини
Според статистиките од истражувања, жените со облини, односно оние кои сметаат дека имаат неколку килограми вишок, почесто се занимаваат со секс. Дури постои теорија дека тие комплексот на не идеална фигура, се обидуваат да го компензираат со активноста во постелата и со организација која ќе го импресионира партнерот. Сексолозите го негираат митот дека слабите жени или жените со нормална тежина се сексуално поактивни, но тоа не значи дека девојките со облини секогаш доживуваат оргазам.
Жените подготвени да ризикуваат
Тоа се оние жени кои ризикуваат да се однесуваат како диви тигрици. Ризикот за секс на ново поинакво место, дури и да е јавно, забранетиот секс, како и опасноста некој да налета, е голем повод за да тие ги испробаат сите можности на сексот без ограничувања и да уживаат во моментите кога ризикот се исплатува со задоволство.
Нивното мото е дека храброста за ризик им се исплатува дури трикратно, а нивната сексуална биографија е преполна со такви искуства
