Здраво тело

Кој е најздравиот дел од овошјето и зеленчукот?

За да бидете здрави потребно е да јадете многу овошје и зеленчук, но исто така ова значи дека треба да ги јадете деловите од овошјето и зеленчукот кои се најбогати со витамини, минерали и други хранливи состојки. Ваквите делови ние ги фрламе бидејќи не сме свесни за нивната вредност.

Антиоксидантот наречен кверцетин се наоѓа во лушпата на јаболкото. Тој ја подобрува работата на белите дробови и мозокот. Исто така во лушпата има многу повеќе витамини отколку во внатрешноста на јаболкото.

Statija gallery photo

Во кората на портокалот се наоѓа состојка која го намалува нивото на холестерол повеќе од некои апчиња кои ги препишуваат за висок холестерол. Исто така оваа состојка спречува појава на срцеви болести. Се што треба да направите е да ја истискате течноста од кората на портокалот врз вашето омилено јадење.

Statija gallery photo

Сите знаеме дека цвеклото е еден од најздравите природни продукти. Но дали сте знаеле дека најголемото здравје доаѓа од листовите на цвеклото? Овие листови се богати со калциум, железо, витамин А и К и многу други хранливи состојки.

Statija gallery photo

Во кората на лубеницата се наоѓа аминокиселина која ја зголемува атлетската спремност и ја намалува болката во мускулите. Исто така, оваа киселина го намалува нитрогенот во крвта.

Statija gallery photo

Листовите на шеќерната репка, како и листовите на цвеклото се богати со витамин А и К, калиум и железо.

Statija gallery photo

Лушпата на компирот е многу поздрава од неговата внатрешност. Таа содржи големо количество железо, калциум, калиум, витамин Б и Ц.

Statija gallery photo

Наредниот пат кога ќе чистите тиква, немојте да ги фрлате семките. Половина шолја вакви семки, содржи големо количество магнезиум, кој е важен за добрата работа на срцето, штити од остеопороза и главоболки.

Statija gallery photo

 

Write A Comment